Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GIC 120 C Professional Originalbetriebsanleitung Seite 127

Ortungsgerät
Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GIC 120 C Professional:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 6
OBJ_BUCH-2385-001.book Page 127 Monday, March 2, 2015 10:30 AM
Монтажа
Напојување со енергија
Камерата за проверка може да се користи или со обични
батерии или со литиум-јонски батерии од Bosch.
Работа со батериски адаптер (може да се извади)
(3 601 B41 2..) (види слика A)
Батериите се ставаат во батерискиот адаптер.
 Батерискиот адаптер е наменет исклучиво за
предвидената камера за проверка на Bosch и не
смее да се користи со електрични апарати.
За ставање на батериите ставете ја обвивката 26 на
батерискиот адаптер во отворот 28. Ставете ги батериите
според сликата на капачето за затворање 27 во обвивката.
Ставете го капачето за затворање над обвивката, додека
не се вклопи правилно и не легне рамно со дршката на
камерата за проверка.
За вадење на батериите притиснете на копчињата за
отклучување 18 на капачето за затворање 27 и повлечете
го капачето за затворање. Извлечете ја ставената обвивка
26 од отворот 28.
Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете
само батерии од еден производител и со ист капацитет.
 Извадете ги батериите од камерата за проверка,
доколку не ја користите подолго време. Доколку се
подолго време складирани, батериите може да
кородираат и да се испразнат.
Работа со батерија (3 601 B41 2..) (види слика B)
 Користете само оригинални Bosch литиум-јонски
батерии со напон кој е наведен на
спецификационата плочка на Вашата камера за
проверка. Користењето друг вид батерии може да
доведе до повреди и опасност од пожар.
 Користете ги само полначите што се наведени на
графичката страница. Само овие уреди за полнење се
погодни за литиум-јонската батерија за Вашата камера
за проверка.
Напомена: Користењето на батерии несоодветни за
вашата камера за проверка може да доведе до погрешно
функционирање или до оштетување на камерата за
проверка.
Напомена: Батеријата се испорачува полу-наполнета. За
да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба
ставете ја на полнач додека не се наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот рок на употреба.
Прекинот при полнењето не ú наштетува на батеријата.
Батеријата е опремена со NTC-контрола на температурата,
што дозволува полнење само на температура меѓу 0 °C и
45 °C. Со тоа се постигнува долг рок на траење на
батеријата.
За ставање на наполнетиот акумулатор 17 ставете го во
отворот 28, додека не се вклопи правилно и не легне
рамно со дршката на камерата за проверка.
За вадење на акумулаторот 17 притиснете на копчињата
за отклучување 18 и извлечете го акумулаторот од
отворот 28. Притоа не употребувајте сила.
Bosch Power Tools
Работа со батериски адаптер (не може да се извади)
(3 601 B41 270) (види слика C)
За да го отворите поклопецот од преградата за батерии 29
притиснете на копчињата за отклучување 18 и извадете го
поклопецот од преградата за батерии.
При ставањето на батериите внимавајте на половите.
Повторно ставете го поклопецот на преградата за батерии
29 и вклопете го правилно.
Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете
само батерии од еден производител и со ист капацитет.
 Извадете ги батериите од камерата за проверка,
доколку не ја користите подолго време. Доколку се
подолго време складирани, батериите може да
кородираат и да се испразнат.
Состојба на наполнетост на акумулаторот/
батериите
При слаба наполнетост на акумулаторот/батериите
најпрво се појавува ознаката
ознаката покажува дека батериите се празни, мора да ги
замените акумулаторот/батериите, бидејќи не е возможно
да вршите проверки.
Монтирање на кабелот за камерата
(види слика D)
За користење на камерата за проверка, мора да се
монтира кабелот на камерата 13 на рачниот уред 1.
Ставете го приклучокот од кабелот на камерата 13 во
правилна положба во приклучокот на камерата 21 додека
не се вклопи.
Демонтажа на кабелот на камерата
(види слика E)
За да го извадите кабелот на камерата 13 притиснете на
блокадата 22 и извлечете го приклучокот од рачниот уред
1.
Монтирање на огледало, магнет или куки
(види слика F)
Огледалото 25, магнетот 23 и куките 24 може да се
монтираат како помошно средство на главата од камерата
14.
Едно од трите помошни средства ставете го до крај во
отворот на главата од камерата 14, како што е опишано на
сликата.
Напомена: Магнетот 23 и куките 24 се погодни само за
поместување и отстранување на лабаво поставени, мали и
лесни предмети. При јако влечење може да се оштети
камерата за проверка или помошното средство.
Употреба
 Заштитете го рачниот уред 1 и акумулаторот 17 од
влага и директно изложување на сончеви зраци.
Кабелот и главата на камерата се отпорни на вода
доколку правилно се монтираат. Рачниот уред и
батеријата не се заштитени од вода, при контакт со вода
постои ризик од електричен удар или оштетување.
Македонски | 127
на екранот. Доколку
1 609 92A 124 | (2.3.15)

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis