Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch D-tect 120 Professional Originalbetriebsanleitung Seite 142

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für D-tect 120 Professional:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
142 | Македонски
празни пластични цевки не се препознаваат.
Максималната мерна длабочина изнесува
6 cm.
Функционалност (види слика D)
Со мерниот уред се пребарува подлогата на подрачјето
на сензорот (14) во мерна насока A до максималната
длабочина на регистрирање. Се препознаваат предмети,
коишто се разликуваат од материјалот на ѕидот.
Движете го мерниот уред постојано со лесен притисок
над подлогата, без да го подигнувате или да го менувате
притисокот.
Мерниот уред може да се движи во саканиот правец B.
Процес на мерење
Поставете го мерниот уред на површината којашто треба
да се провери.
Ако при поставувањето веќе има предмет под мерниот
уред, сигналната светилка (12) свети црвено при
доволна јачина на сигналот, мерниот приказ (e) исцртува
и се слуша звучен сигнал.
Доколку при поставувањето на мерниот уред сѐ уште не е
препознаен некој предмет, на екранот се појавува
приказот за процес (b) и сигналната светилка (12) свети
жолто. Движете го мерниот уред по површината без да го
подигнувате додека не се изгаси приказот за процес.
Ако не се препознае предмет под мерниот уред,
сигналната светилка (12) свети зелено.
Ако до мерниот уред се приближува предмет, се
зголемуваат отчукувањата на мерниот приказ (e),
сигналната светилка (12) свети црвено и се слуша звучен
сигнал. Ако се оддалечува од предметот, отчукувањето
на мерниот приказ се намалува.
Кај мали или длабоко поставени предмети, сигналната
светилка (12) свети жолто и не се слуша звучен сигнал.
Пошироките предмети во подлогата се препознаваат со
трајно, силно отчукување на мерниот приказ (e).
Сигналната светилка (12) свети црвено.
Пред да дупчите во ѕид, сечете или глодате, треба
u
да се заштитите од опасности и со помош на други
извори на информации. Бидејќи на мерните
резултати може да влијаат околните влијанија или
составот на ѕидот, постои опасност, иако мерниот
приказ (e) не покажува предмет во полето на сензорот
и сигналната светилка (12) свети зелено.
Одредување на средината на предметот
Доколку се препознае предмет, сигналната светилка (12)
свети црвено. При доволна јачина на сигналот се
прикажуваат стрелките за ориентација (d) за одредување
на средината на предметот.
За точно да ја локализирате средината на предметот,
движете го мерниот уред во правец на прикажаните
стрелки за ориентација (d).
1 609 92A 4X7 | (24.02.2021)
Над средината на предметот, мерниот приказ (e)
прикажува максимално отчукување и при доволна јачина
на сигналот се појавува централниот крст (c). Стрелката
за ориентација (d) се гаси.
За уште попрецизно одредување на средината на
предметот, внимавајте на квадратот, којшто се
прикажува со доволна јачина на сигналот во непосредна
близина на средината на објектот, дополнително кон
централниот крст (c).
Иако стрелките за ориентација (d) не се прикажуваат,
сепак може да постои некој предмет во непосредна
близина.
Секогаш внимавајте на сите сигнали на мерниот
u
уред (сигнална светилка, мерен приказ и стрелки
за ориентација за одредување на средината на
предметот).
Приказ на струјни кабли
При секое мерење, автоматски се врши барање на
струјни кабли (независно од режимот на работа).
Доколку се пронајде струен кабел, на екранот се појавува
приказот за струјни кабли (a), сигналната светилка (12)
трепка црвено и се слуша звучен сигнал со побрз ритам.
Напомени:
– Под одредени околности (како на пр. метални
површини или зад површини со голема содржина
на вода) струјните кабли не може да се пронајдат
со сигурност. Јачината на сигналот за струјните кабли
зависи од положбата на кабелот. Затоа проверете со
дополнителни мерења во близина или преку други
извори на информации, дали постојат струјни кабли.
– Статичкиот електрицитет може да доведе до тоа,
каблите да се прикажат непрецизно (на пр. преку
поголем простор) или воопшто да не се прикажат. За
да го подобрите квалитетот на приказот, поставете ја
вашата слободна дланка покрај мерниот уред на ѕидот,
за да создадете статички електрицитет.
– Струјните кабли може полесно да се пронајдат (на пр.
светла, уреди), доколку истите се приклучени и
вклучени на кабелот што се бара. Исклучете ги
потрошувачите на струја, пред да дупчите во ѕид,
сечете или глодате.
Обележување на предмети
По потреба, може да го обележите пронајдениот
предмет. Мерете како и обично.
Доколку сте ги пронашле границите или средината на
предметот, означете ги пронајдените места на горните
обележувачи (1) и на страничните обележувачи (2).
Поврзете ги точките со вертикална и хоризонтална
линија. На местото на пресек на линиите се наоѓа
границата одн. средината на предметот.
Bosch Power Tools

Quicklinks ausblenden:

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis