Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

AEG CLR215 Originalbetriebsanleitung Gebrauchsanweisung Seite 252

Laserebene
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 12
СОДРЖИНА
Важни напомени за безбедност ...............................................................................................1
Одржување ................................................................................................................................2
Технички податоци ....................................................................................................................2
Наменета употреба ...................................................................................................................2
Преглед ......................................................................................................................................3
Индикатор за слаба батерија (CLR215, CLG220) ...................................................................4
Замена на батерија ...................................................................................................................4
Магнетен држач за ѕид .............................................................................................................5
Зелена целна плоча (само CLG220-K) ....................................................................................5
Прицврстување на плафон (само CLG220-K) ........................................................................5
Работа во режим на самонивелирање ....................................................................................6
Работа во рачен режим ............................................................................................................7
Проверка на прецизноста ........................................................................................................8
ВАЖНИ НАПОМЕНИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! ОПАСНОСТ!
Почнете да го употребувате производот дури откако ќе ги прочитате напомените за безбедност и упатството за
употреба на приложеното ЦД.
Класификација на ласерите
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Производот одговара на ласерската класа 2 според EN60825-1:2014.
LASER
2
МАКЕДОНСКИ
Отвор за излез на
ласерскиот зрак
Предупредување:
Никогаш не изложувајте ги очите директно на ласерот. Ласерскиот зрак може да предизвика тешки повреди на
очите и/или слепило.
Не гледајте директно во ласерскиот зрак и не насочувајте го ласерот непотребно кон останатите лица.
Внимание! Во одредени ситуации, уредот што емитува ласерски зрак може да е поставен позади вас. Во таков
случај, вртете се внимателно.
Предупредување:
Немојте да работите со ласерскиот зрак во близина на деца или, пак, да им дозволувате на децата да го чепкаат
ласерот.
Внимание! Рефлектирачка површина би можела да го врати ласерскиот зрак назад до корисникот или до други
лица.
Предупредување: Употребата на елементите за управување, подесувањата или извршување на други постапки
од тие кои што се утврдени во прирачникот може да доведе до опасно зрачно оптоварување.
Ако ласерот се префрли од многу ладна во топла средина (или обратно), тој мора да ја достигне температура на
околината пред да се користи.
Не чувајте го ласерот надвор и заштитете го од удари, постојани вибрации и екстремни температури.
Ласерскиот мерен апарат заштитете го од прав, влага и висока влажност на воздухот. Таквите услови можат да
ги уништат внатрешните делови на апаратот или пак да извршат влијание врз прецизноста.
Ако ласерскиот зрак е насочен кон очите, затворете ги очите и веднаш свртете ја главата од патеката на зракот.
Погрижете се да го позиционирате ласерскиот зрак така што вие или другите луѓе не сте заслепени од тоа.
Не гледајте во ласерскиот зрак со лупа, двоглед или телескоп. Во спротивно, постои голема опасност од тешки
повреди на очите.
Имајте предвид дека ласерските очила коишто служат за подобро препознавање на ласерски линии не ги штитат
очите од ласерските зраци.
Не смее да се отстрануваат или да се прават нечитливи предупредувачките налепници од ласерскиот уред.
Не расклопувајте го ласерот. Ласерските зраци може да предизвикаат тешки повреди на очите.
Пред да го транспортирате ласерот, осигурете се дека механизмот за заклучување на нишалото е заклучен.
Совет: Ако не е заклучен механизмот за заклучување на нишалото, за време на транспорт внатрешноста на
уредот може да се оштети.
Не употребувајте агресивни средства за чистење или средства за растворање. Чистете исклучиво со чиста, мека
крпа.
Заштитете го ласерскиот уред од насилни удари или падови. По пад или силно механичко влијание, треба да се
провери прецизноста на уредот пред употреба.
Потребните поправки на овој ласерски апарат смеат да се изведуваат само од страна на авторизиран стручен
персонал.
Производот не смее да се примени во околина во која што постои опасност од експлозии или е агресивна сама
по себе.
При подолго некористење, извадете ги батериите од одделот за батерии. На тој начин се избегнува протекување
на батериите и корозија.
Празни батерии не смеат да се фрлаат заедно со домашниот отпад. Потрошени батерии заради целта на
нивно отстранување, а притоа запазувајќи ја околината во склад со националните и локалните прописи,
се предаваат на за таа намена предвидените собирни места. Апаратот не смее да се фрли во домашниот
отпад. Апаратот мора стручно да се отстрани. Притоа обратете внимание на прописите за фрлање кои
што се однесуваат на конкретната земја. Обратете се до местните служби или до Вашиот продавач за да
добиете информации во врска со фрлањето на овој отпад.
Европска ознака за сообразност
251

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Diese Anleitung auch für:

Clg220

Inhaltsverzeichnis