Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GKF 550 Professional Originalbetriebsanleitung Seite 125

Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
u
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните алати означени
со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
Подесување на длабочината за глодање
Подесувањето на длабочината на глодање смее да
u
се врши само доколку електричниот алат е
исклучен.
За грубо подесување на длабочината на глодање
постапете на следниот начин:
– Електричниот алат со монтирана глодалка поставете го
на делот што се обработува.
– Отворете ја пеперутка-завртката (10) на корпата на
глодалката (2).
– Ставете ја погонската единица (1) на саканата
длабочина со помош на скалата за подесување на
длабочината на глодање (12).
– Затворете ја пеперутка-завртката (10) на корпата за
глодање (2).
– Проверете ја подесената длабочина на глодање со
практичен обид и доколку е потребно коригирајте ја.
Ставање во употреба
Вклучување/исклучување
За вклучување на електричниот алат поставете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (11) на I.
За исклучување на електричниот алат поставете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (11) на 0.
Совети при работењето
Заштитете ги алатите за глодање од удари.
u
Bosch Power Tools
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Правец и процес на глодање (види слика D)
Процесот на глодање секогаш мора да се извршува
u
спроти правецот на ротација на глодалката (6)
(спротивен тек). При глодање во правец на ротација
(ист тек) електричниот алат може да ви избега од
раката.
Користете го електричниот алат само со монтирана
u
корпа за глодалка (2). Загубата на контрола над
електричниот алат може да предизвика повреди.
Напомена: Земете во предвид дека глодалката (6)
секогаш е издадена над основната плоча (9). Не го
оштетувајте шаблонот или делот што се обработува.
Поставете ја саканата длабочина на глодање.
Вклучете го електричниот алат и водете го по местото што
треба да се обработи.
По глодањето исклучете го електричниот алат.
Не го оставајте електричниот алат на страна,
u
додека глодалката не дојде во состојба на
мирување. Електричните алати кои не се во состојба
на мирување може да предизвикаат повреди.
Глодање со копирна чаура (види слики E1–E3)
Со помош на копирната чаура (17) може да пренесувате
контури од нацрти одн. шаблони на делот што се
обработува.
Според дебелината на шаблонот одн. нацртот одберете ја
соодветната копирна чаура. Бидејќи висината на
копирната чаура стрчи, шаблонот мора да има
минимална дебелина од 8 mm (види слика E1).
Изберете помал дијаметар на глодалката од
u
внатрешниот дијаметар на копирната чаура.
Одвртете ги четирите цилиндрични завртки на долната
страна на лизгачката плоча (8) и извадете ја истата.
Ставете ја копирната чаура (17) во лизгачката плоча
(види слика E2).
Повторно прицврстете ја лабаво лизгачката плоча на
основната плоча (9). Лизгачката плоча мора да може
слободно да се движи.
За да биде подеднакво исто растојанието на средината на
глодалката и работ на копирната чаура, доколку е
потребно, копирната чаура и лизгачката плоча мора да се
центрираат една кон друга.
– Насочете ја лизгачката плоча така што глодалката и
копирната чаура ќе бидат центрирани кон лизгачката
плоча (види слика E3).
– Држете ја лизгачката плоча во оваа позиција и
прицврстете ги завртките за прицврстување.
За глодање со копирната чаура (17) постапете на
следниот начин:
– Поставете го електричниот алат со копирната
чаура (17) на шаблоните.
Македонски | 125
1 609 92A 5B0 | (01.10.2019)

Quicklinks ausblenden:

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis