Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

OKBABY Blue Aroma Montage- Und Bedienungsanleitung Seite 49

Aromazerstäuber
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 9
УПАТСТВО ЗА МОНТИРАЊЕ НА РАСПРСНУВАЧОТ НА ЕКСТРАКТИ
MK
„СИНА АРОМА" - BLUE AROMA НА OKBABY REF. 835
Прочитајте го ова упатство за употреба внимателно пред користење и чувајте го за
идни навраќања. Битно е да се спроведуваат важните насоки со кои се зачувуваат
функционалноста и безбедноста на апаратот, како и употребата на самиот производ.
ОПИС НА СОСТАВНИТЕ ДЕЛОВИ:
1. Копчиња
2. Напојувач
3. Сад за вода
4. Линија за нивото на водата
5. Сензор за нивото на водата
6. Ултрасоничен конвертор
7. Приклучок за напојувањето
8. Сијаличка
9. Канал за распрснување
10. Резервоар
НАЧИН ЗА УПОТРЕБА:
A.
Извадете го резервоарот за вода.
B.
Отшрафете го капачето на резервоарот и наполнете го вода директно од чешма и
затворете го капачето.
Исушете ја надворешноста на резервоарот.
C.
Ставете ја водата во садот (3) до посоченото ниво (4).
КАКО СЕ ДОДАВААТ ЕТЕРИЧНИТЕ МАСЛА:
D.
Ставете неколку капки од омиленото етерично масло во садот со вода (3).
ВАЖНО/ЗАБЕЛЕШКА: Се препорачува да го полните садот со вода со чашката /
мерка што се доставува со апаратот. Не надминувајте го посоченото ниво за вода
(4) бидејќи може да предизвика намалено испарување.
E.
Вратете го резервоарот за вода на место.
Ставете го резервоарот на свое место како што е посочено на сликата.
Работата е завршена.
Кога резервоарот и садот за вода ќе се постават на свое место како што е посочено,
производот е подготвен за работа.
F.
Поврзете го напојувачот како што е прикажано на сликата и притиснете го копчето ON.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не закосувајте го апаратот.
G. ФУНКЦИИ:
• Постојано распрснување
Притиснете го копчето ON, ставете го да работи постојано и сијаличката засветува,
притиснете го одново копчето ON и сијаличката се гасне.
• Повремено распрснување
Притиснете го копчето 30, апаратот работи 30 секунди, а 30 секунди прави пауза. Притиснете
го одново копчето 30 и сијаличката се гасне.
ВАЖНО/ЗАБЕЛЕШКА: Штом ќе се вклучи, Blue Aroma се подготвува околу 10 мин.
пред да постигне максимален капацитет на распрснатото испарување.
ОДРЖУВАЊЕ И ЧИСТЕЊЕ
H.
Притиснете го копчето OFF и извадете го напојувањето.
I.
Извадете го резервоарот за вода.
L.
Испуштете ја водата од контејнерот од страна како што е прикажано на сликата (Ѕ) за
да избегнете водата да дојде во допир со електричните делови.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Забрането е да се истура водата од предниот дел на апаратот.
• ЧИСТЕЊЕ НА АПАРАТОТ
M.
Исчистете ја внатрешноста на апаратот со влажно парче ткаенина. Исчистете ја внатрешноста
на резервоарот од талог со помош на чист тампон или влажна ткаенина.
Исчистете ја надворешната страна на апаратот со мека крпа.
94. Blue Aroma
Се препорачува да го чистите апаратот еднаш до двапати месечно. Редовното чистење
спречува формирање бигор.
Не користете растворувачи или алкохол бидејќи може да го оштетат распрснувачот.
ВАЖНО/ЗАБЕЛЕШКА: За најдобар ефект на распрснување, препорачуваме да користите
вода од чешма на собна температура или дестилирана или пречистена вода.
ВАЖНО/ЗАБЕЛЕШКА: Препорачуваме да го извадите и исперете резервоарот, да го
исушите со чиста крпа секојпат кога се користи различен вид на етерично масло.
• ЧУВАЊЕ НА РАСПРСНУВАЧОТ
Ако распрснувачот нема да се користи подолг период, исчистете го и исушете во темелно
и ставете го на суво место.
ВАЖНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА:
1. Овој апарат не е играчка. Треба да се чува подалеку од дофат на деца и треба да го
состави и чисти возрасно лице.
2. Не користете го никогаш овој апарат за друга употреба освен за онаа за која е наменет.
3. Пред да го поврзете во извор на ел. енергија, проверете дали електричните податоци
соодветствуваат со оние што се посочени на распрснувачот.
4. Не вклучувајте го навлажнувачот кога резервоарот е празен, осцилирачкиот конвертор
може да се прегрее.
5. Полнете го резервоарот само со вода од чешма.
6.
Поставете го распрскувачот на цврста и рамна подлога без да го закосувате.
7. Не изложувајте го апаратот на директна сончева светлина и не чувајте го во близина на
извори на топлина.
8. Не дозволувајте апаратот да падне, да се удира или да се тресе бидејќи внатрешните
електрични кола може да претрпат непоправлива штета.
9. Ако се расипе или не работи правилно, се препорачува да го исклучите и да повикате
квалификувано лице. Не отворајте го апаратот, не менувајте го кабелот за напојување ако
е оштетен, сите поправки што ќе ги изврши неквалификувано лице може да го оштетат
апаратот и да ја отфрлат гаранцијата.
10. Не вклучувајте го апаратот ниту не приклучувајте го напојувањето во струја со мокри раце
бидејќи постои ризик од електричен удар.
11. Вклучувајте го навлажнувачот подалеку од дрвени подови или мебел што може да се
оштети во директен контакт со вода. Избегнувајте директно насочување на испарувањето
кон електрични уреди.
12. Користете го распрснувачот во простории на собна температура.
13. Не потопувајте го апаратот во вода.
14. Не влечете го кабелот за напојување за да го извадите приклучокот од штекер.
15. Пред да го чистите и / или одржувате апаратот, исклучете го и извадете го кабелот од
напојување.
16. Овој производ не е играчка, држете го подалеку од дофат на деца.
17. Апаратот не е дизајниран да го користат лица (вклучително и деца) со намален психички
или физички капацитет, или ако немаат искуство или познавања или се без потребната
способност, без присуство на одговорно лице за нивната безбедност или старател или без
соодветни упатства за употреба на апаратот.
18. Користете го само и единствено напојувањето што е приложено во пакувањето.
19. Уредот треба да се користи за распрснување етерични масла само со вода од чешма.
Употреба на други супстанции може да биде опасна.
20. Проверувајте ги напојувањето, приклучокот за струја и куќиштето на трансформаторот од
време навреме. Не користете го апаратот ако не работи или работи неправилно.
21. За работа на Blue Aroma, користете само трансформатор што е верифициран во согласност
со EN 60598-2-7, како оној што се доставува во пакувањето.
22. Се препорачува да се користат мешавини на есенцијални масла што ги произведува
OKBABY.
ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ:
Име на производот: распрснувач на екстракти Blue Aroma
Волтажа на напојувањето: 24V~
Максимална моќност: 12W
Распрснување: 25±5мл/час
Димензии: Ø120 мм х 200 мм
Blue Aroma .95

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis