Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

ZEKLER 412R Gebrauchsanweisung Seite 41

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für 412R:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 12
Упатство за користење / MK
Замена на приборот за хигиена (В)
1. Отстранете ја старата пена за апсорбирање звук и
ставете ја новата.
2. Отстранете го старото ушно перниче.
3. Поставете го новото ушно перниче над просторот.
4. Притиснете со прстот по надворешниот дел од ушното
перниче додека не се прицврсти целосно околу
рабовите.
5. Отстранете го старото перниче за главата и ставете
го новото.
Одобрение и технички податоци (С)
C1) Носач за глава
С2) Приклучок за шлем/капа
С3) Тестирано и одобрено според (стандарди)
C4) Тежина
С5) Средно придушување
С6) Стандардна девијација
С7) Претпоставена вредност на заштита
С8) Тестирано и одобрено од (надлежен орган)
C9) Големина: S (мали) M (средни) L (големи)
Одобрени комбинации на шлем (D)
Овие штитници за слух треба да бидат поставени на
индустриските безбедносни шлемови, кои се наведени во
табелата D, и да се користат само со нив.
D1) Производител
D2) Модел
D3) Адаптер
D4) Предупредување! Овие штитници за слух монтирани
на шлемот се погодни за лица со среден до голем обем на
главата (56-64 cm) и со средна до голема висина од врвот
на главата до центарот на ушниот канал. Помала висина
може да доведе до неможност за правилно местење,
што може да ја намали способноста за придушување на
бучавата на штитникот за слух.
Штитниците за слух, кои се во согласност со EN 352-3,
имаат опсег од среден или мал дофат или опсег од голем
дофат. Штитниците за слух со опсег од среден дофат се
соодветни за повеќето корисници. Штитниците за слух
со опсег од среден или голем дофат се дизајнирани
да им одговараат на корсниците за кои не се погодни
штитниците за слух со опсег од среден дофат.
Додатоци и резервни делови
Комплет за хигиена #HK3
Радио (погледнете Слика E1)
412R/412RH/412RD/412RDH
Заштитникот за слух се одликува со ограничување на
нивоата на звучни сигнали од звучниците до максимални
82 dB(A) кои доаѓаат до увото.
Слушањето на радио може да доведе до послаба
разбирливост на сигналите за предупредување на
работното место.
Вклучување/исклучување на звукот
• Завртете го вртливото копче со ознака "1" за
да го вклучите радиото. Продолжете да вртите во
насока на часовникот за да ја зголемите јачината
на звукот.
• Во случај на услови со слаб прием, радиото
автоматски преминува од стерео режим во моно
режим, за да го задржи оптималниот квалитет на
звукот.
Избирач на фреквенција/канали (погледнете Слика E2)
• Завртете го вртливото копче со ознака "2" за
избирање на радио станици.
• Фреквентниот опсег на радиото изнесува од 88-
108 MHz FM, AM 540-1700 KHz ("4")
Активно слушање (погледнете Слика E3)
412D/412DH/412RD/412RDH
Заштитникот за слух е опремен со активна функција за
јачина на звукот. Проверете дали функцијата работи пред
да започнете да го користите уредот. Доколку настанат
пречки или грешки, погледнете ги инструкциите од
производителот за одржување и замена на батеријата.
• Предупредување! Звукот од активната контрола
на јачина на звукот кај заштитникот за слух може
да го надмине нивото на надворешниот шум.
• Заштитникот за слух се одликува со
ограничување на нивоата на звучни сигнали од
звучниците до максимални 82 dB(A) кои доаѓаат
до увото.
Вклучување/исклучување на звукот
• Завртете го вртливото копче со ознака "3" за да
ги вклучите микрофоните за активно слушање.
Продолжете да вртите во насока на часовникот
за да ја зголемите јачината на звукот.
Активно слушање + радио (погледнете Слика E)
412RD/412RDH
• И двете функции имаат индивидуална контрола
на јачината на звукот. Прилагодете ја јачината на
звукот на саканото ниво.
Надворешен аудио влез (погледнете Слика F)
Заштитникот за слух е опремен со електронски аудио влез.
Проверете дали функцијата работи пред да започнете да
го користите уредот. Доколку настанат пречки или грешки,
погледнете ги инструкциите од производителот.
• Предупредување! Поврзувањето на надворешен
аудио извор може да доведе до ниво на звук кое
го надминува дозволеното дневно изложување.
• Максимален дозволен аудио сигнал: 263 mV
• На аудио влезот од 3,5 mm може да поврзете
радио за комуникација, мобилен телефон или
друг надворешен извор на звук.
• Функцијата за јачина на звукот мора да биде
вклучена при користење на надворешниот аудио
влез.
Батерии (погледнете Слика G)
• Уредот се испорачува со две батерии од 1,5V и
AA големина.
• Користете само батерии од 1,5V и AA големина.
• Проверете дали половите плус и минус на
батериите се правилно поставени.
• Никогаш не менувајте ги батериите кога
електрониката е вклучена.
41

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Diese Anleitung auch für:

412rd412rdh412d412rh412dh

Inhaltsverzeichnis