Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GLM 500 Professional Originalbetriebsanleitung Seite 361

Inhaltsverzeichnis

Werbung

Македонски | 361
Држете го притиснато копчето (7) [Func], за да влезете во менито „Основни
поставки". Изберете . Притиснете го копчето (3) [+] или копчето (8) [–], за да го
вклучите и исклучите тонот.
За напуштање на точката на менито, притиснете на мерното копче (2) [ ] или на
копчето за вклучување-исклучување (5) [ ]. По исклучување на мерниот уред,
избраната поставка останува зачувана.
Совети при работењето
Општи напомени
Приемната леќа (14) и излезот на ласерскиот зрак (15) не смеат да бидат покриени
за време на мерењето.
За време на мерењето, мерниот уред не смее да се движи. Доколку е возможно,
поставете го мерниот уред на цврста подлога.
Влијанија на мерното поле
Мерното поле зависи од светлосните услови и рефлективните својства на целната
површина. При јако надворешно осветлување, за подобра видливост на ласерскиот
зрак, користете заштитни очила за ласер (17) (опрема) и целна табла за ласерот
(16) (опрема), или засенете ја целната површина.
Влијанија на мерниот резултат
Поради физички ефекти не може да се исклучи фактот, дека при мерењето на
различни површини доаѓа до погрешно мерење. Тука спаѓаат:
– транспарентни површини (на пр. стакло, вода),
– површини што рефлектираат (на пр. исполиран метал, стакло),
– порозни површини (на пр. изолациски материјали),
– структурирани површини (на пр. груб малтер, природен камен).
Доколку е возможно, на овие површини користете целна табла за ласерот (16)
(опрема).
Грешки при мерењето се исто така можни и кај накосо визирани целни површини.
Исто така на измерената вредност може да влијаат и процепите за вентилација со
различни температури или индиректно примените рефлексии.
Проверка на точноста и калибрирање на мерењето на косини (види слики E1–
E2)
Редовно проверувајте ја точноста на мерењето на косини. Ова се врши со помош на
менување на правецот. Поставете го мерниот уред на една маса и измерете ја
косината. Свртете го мерниот уред за 180° и одново измерете ја косината.
Разликата помеѓу прикажаните износи смее да изнесува макс. 0,3°.
Bosch Power Tools
1 609 92A 4RG | (15.11.2018)

Quicklinks ausblenden:

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis