Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Makita DCM501 Betriebsanleitung Seite 77

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für DCM501:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 47
МАКЕДОНСКИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ И ПРАВИЛА ЗА БЕЗБЕДНОСТ
• Овој апарат може да го користат деца повозрасни од 8 години ако
се под надзор и им се дадени упатства за безбедно користење на
апаратот и ги разбираат потенцијалните опасности. Чистењето
и одржувањето не треба да го извршуваат деца, освен ако се
повозрасни од 8 години и се под надзор. Чувајте го апаратот и
касетите за батерија надвор од дофат на деца под 8-годишна
возраст.
• Апаратот може да го користат лица со намалени физички,
сензорни или ментални способности или со недостаток на
искуство и знаење, ако се под надзор и им се дадени упатства за
безбедно користење на апаратот и ги разбираат потенцијалните
опасности.
• Децата не треба да играат со апаратот.
1. Овој апарат е наменет за употреба во домашни услови и за
други слични намени како што се:
- кујни на персонал во продавници, канцеларии и други
работни средини;
- фарми;
- од страна на клиенти во хотели, мотели и други станбени
објекти;
- средини од типот ноќевање со појадок.
Користете го апаратот само за предвидената намена.
2. Прочитајте го упатството.
3. Површините се загреваат за време на употреба. Не допирајте
ги жешките површини.
4. За да се заштитите од пожар и струен удар, не потопувајте ги
апаратот и батеријата во вода или во која било друга течност.
5. Извадете ја касетата на батерија кога не ја користите и пред
чистење. Оставете го да се излади пред да ги вметнете или да
ги отстраните деловите и пред да го чистите апаратот.
6. Не користете го апаратот со оштетени терминали на батеријата
по дефект на апаратот или ако е оштетен на кој било начин.
Вратете го апаратот во најблискиот овластен центар за
сервисирање за преглед, поправка или приспособување.
7. Употребата на додатоци коишто не се препорачани од
производителот на апаратот може да доведе до пожар, струен
удар или лична повреда.
8. Не поставувајте го на или во близина на жежок гас, електрична
рингла или во загреана рерна.
9. Секогаш исклучете го прекинувачот за напојување пред да ја
отстраните батеријата.
77

Quicklinks ausblenden:

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis