Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Приклучување Кон Електричната Мрежа; Упатства Во Врска Со Електричната Инсталација - Samsung B1445A(V/S) Bedienungsanleitung

Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 24
Поставување на машината за перење алишта
Приклучување кон електричната мрежа
За корисниците во Европа.
За корисниците во САД.
Пред употребата на машината, замолете го електричарот да провери дали има правилно заземјување.
За корисниците во Велика Британија.
Упатства во врска со електричната инсталација
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: МАШИНАТА МОРА ДА БИДЕ ЗАЗЕМЈЕНА.
Оваа машина за перење алишта мора да биде зазем¬јена. Во случај на краток спој заземјувањето
го намалува ризикот од струен удар така што ја одведува
електричната струја. Машината има приклучен кабел во кого
се наоѓа жица за заземјување што се поврзува со жицата за
заземјување во штекерот.
Приклучниот кабел се вклучува во штекер што треба да биде
правилно поставен и заземјен.
*
Жиците во приклучниот кабел се обоени на следниот начин:
Зелена и жолта
Плава
Кафеава
Со оглед на тоа што жиците во приклучниот кабел на машината
можат да бидат со поинаква боја од оние во штекерот, направете
го следното:
Поврзете ја зелено-жолтата жица со полот во штекерот
означен со буквата Е или со симболот за заземјување (
или обоен со зелена или зелено-жолта боја.
Поврзете ја плавата жица со полот означен со буквата N или
обоен со црна боја.
Поврзете ја кафеавата жица со полот означен со буквата L
или обоен со црвена боја.
*
Консултирајте се со електричарот или стручниот сервисер
доколку овие упатства не Ви се во потполност јасни.
Производителот на машината за перење алишта не сноси
одговорност за повреди на лица или оштетувања на апарати
што настанале поради непочитување на овие барања. Не е
предвидено корисникот самиот да поправа ниту еден дел од
машината за перење алишта и доколку нејзиниот приклучен
кабел е оштетен, може да го замени само сервисер овластен
од страна на производителот, зашто за сервисирање е
потребен специјален алат.
Приклучниот кабел на машината за перење алишта НЕ морате да го заземјите.
Приклучниот кабел на машината за перење алишта МОРАТЕ да го заземјите.
: Заземјување
: 0
: Фаза
SAMSUNG Упатство за употреба на машината за перење алишта 5
ЗЕЛЕНОЖОЛТА
)
ПЛАВА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Пред употреба проверете дали се
оштетени приклучниот кабел и штекерот.
Доколку поради некоја причина сакате
од апаратот да го извадите фабрички
вградениот приклучен кабел, веднаш
извадете го осигурувачот и ставете го
кабелот на безбедно место. Во никој
случај не го приклучувајте приклучниот
кабел во штекерот зашто постои
опасност од електричен удар.
СТРУЈНО КОЛО
Машината за перење алишта треба
да биде приклучена кон посебно
струјно коло, одвоено од останатите
електрични апарати. Во спротивно
може да дојде до прекин на струјното
коло или осигурувачот може да
прегори.
ОСИГУРУВАЧ ОД
13 АМПЕРИ
КАФЕАВА

Werbung

Inhaltsverzeichnis

Fehlerbehebung

loading

Inhaltsverzeichnis