Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch AdvancedHedgeCut 36 Originalbetriebsanleitung Seite 222

Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 3
OBJ_BUCH-948-007.book Page 222 Wednesday, December 21, 2016 10:28 AM
222 | Македонски
Напомена: Батеријата се испорачува полу-наполнета. За
да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба
ставете ја на полнач додека не се наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот рок на употреба.
Прекинот при полнењето не и наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија има «Electronic Cell Protection
(ECP)» против потполно празнење. Кога батеријата е
скоро празна машината престанува да работи со цел да се
заштити од оштетување: Машината повеќе не работи.
Не притискајте го копчето за
ВНИМАНИЕ
вклучување откако косачката
автоматски престанала да работи. Батеријата може да се
оштети.
Полнење
Процесот на полнење започнува, штом ќе го вклучите
струјниот приклучок на полначот во ѕидната дозна и ќе ја
ставите батеријата во отворот за батерија .
Поради интелигентниот процес на полнење, веднаш се
препознава состојбата на наполнетост на батеријата и ќе
биде наполнета со оптималниот капацитет во зависност од
температурата и напонот на батеријата.
Така се негува батеријата и при чување во полначот
постојано е наполнета.
Брзо полнење
Брзото полнење се сигнализира со
трепкање на зелениот лед сигнал.
Индикатор на батеријата: За време на
процесот на полнење трите зелени
LED светла светнуваат едноподруго и се гасат за кратко.
Батеријата е целосно наполнета, доколку трите зелени
LED светла постојано светат. Околу 5 минути откако ќе се
наполни целосно батеријата, трите зелени LED светла
повторно се гасат.
Напомена: Брзото полнење е можно само ако
температурата на батеријата е во границите на
дозволената температура, види ги «Техничките
податоци».
Батеријата е полна
Постојано светење на зелениот лед
сигнал сигнализира дека батеријата е
сосем полна.
Потоа за времетраење од околу.
2 секунди се огласува сигнал, кој акустично ја
сигнализира целосната наполнетост на батеријата.
Конечно батеријата може веднаш да се употреби.
Доколку батеријата не е во полначот, постојаното
светење на зелениот лед сигнал , сигнализира дека
полнашот е вклучен во утикач и дека е спремен за
употреба.
F 016 L81 406 | (21.12.16)
Температура на батеријата под 0 °C или над
45 °C
Постојано светење на црвениот лед
сигнал сигнализира дека
температурата на батеријата не е меѓу
0 °C и – 45 °C. Штом се постигне
дозволената температура, полначот автоматски ќе почне
со брзо полнење.
Ако температурата на батеријата не е во дозволениот
опсег, при вметнување на батеријата во полначот
светнува црвеното светло.
Не е возможен процес на полнење
Ако постои некаква грешка при
полнењето, трепка црвениот лед
сигнал.
Полењето на батеријата не може да почне и батеријата не
може да се полни (види во делот «Отстранување на
грешки»).
Совети за полнењето
При континуирани или последователни циклуси на
полнење без прекин, полначот може да се затопли. Ова е
безопасно и не значи дека постои технички дефект на
полначот.
Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека
батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Ладење на батеријата (Active Air Cooling)
Вградениот вентилатор во полначот ја контролира
температурата на вметнатата батерија. Доколку
температурата на батеријата е над 30 °C, вентилаторот ќе
ја излади батеријата додека не ја достигне температурата
на полнење. Вклучениот вентилатор создава звук на
проветрување.
Доколку вентилаторот не работи, температурата на
батеријата е во оптималните граници на температура на
полнење или вентилаторот е дефектен. Во овој случај се
продолжува времето на полнење на батеријата.
Совети при работењето
Функција на сечилото
Иако отворите на запците се од Ø 20 mm, овозможено е
врвот на запците да биде до Ø 25 mm.
Анти-блок механизам
Ако сечилото дојде во допир со тврд материјал,
оптоварувањето на моторот се зголемува. Интелигентна
микро електроника го евидентира оптоварувањето и
неколку пати ја менува насоката на вртење на моторот.
Тоа може да се слушне и трае 3 секунди.
Откако ќе го пресече тврдиот материјал, машината
продолжува да работи нормално, или сечилото застанува
(на пример во случај метален предмет да ја блокирал
машината).
Bosch Power Tools

Quicklinks ausblenden:

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Diese Anleitung auch für:

Ahs 54-20 li

Inhaltsverzeichnis