Внимание: Не го вртете Turbo Crisp и не ја допирајте жешката решетка. Не го вртете садот
бидејќи може да има вишок врело масло.
По пржењето на топол воздух, садот, Turbo Crisp, додатоците и храната се многу жешки.
Во зависност од видот на храната што се готви во садот, внимавајте бидејќи од садот може
да излегува пареа. Користете ракавици за готвење отпорни на топлина кога ракувате со
додатоците по готвењето.
Оставете го turbo crisp капакот и додатоците да се изладат на површина отпорна на
топлина.
ЧИСТЕЊЕ
Исчистете го Turbo Crisp капакот и неговите додатоци по секоја употреба.
Немојте да користите метален кујнски прибор, метални сунѓерчиња за гребење, челична
волна или какви било абразивни средства за чистење, бидејќи тоа може да го оштети
нелепливиот слој.
1. Извадете го приклучокот за струја од ѕидниот штекер и оставете го апаратот да се излади.
2. Избришете ја надворешноста на апаратот со влажна крпа.
3. Исчистете ја заштитната решетка на Turbo Crisp капакот и додатоците за готвење со топла
вода, малку течност за миење и неабразивен сунѓер. Можете да користите течност за
одмастување за да ја отстраните преостанатата нечистотија.
4. Во случај на тешкотии при чистењето, потопете ги додатоците за готвење во топла вода
измешана со течност за миење.
5. Не го потопувајте апаратот во вода или која било друга течност.
Зебелешка: Turbo Crisp капакот не може да се мие во машина за садови.
Приборот може да се мие во машина за садови, ОСВЕН садот за торти кој треба да се мие
рачно со топла вода и сапуница.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: садот за торти не го ставајте во машина за миење садови.
ЧУВАЊЕ
1. Исклучете го апаратот од струја и оставете го да се излади на рамна површина отпорна
на топлина, заедно со додатоците за готвење.
2. Проверете дали сите делови се чисти и суви.
3. Чувајте го апаратот хоризонтално, без да го покривате. Не го превртувајте и не ставајте
производи врз него.
4. Додатоците за готвење можете да ги ставите во Turbo Cuisine садот за да заштедите
простор.
128