Herunterladen Diese Seite drucken

Moulinex Tefal TURBO CRISP SET Bedienungsanleitung Seite 70

Cy754830, cy754130, ce754810, cy753832, qk7548s0

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 18
УПАТСТВА ЗА БЕЗБЕДНО КОРИСТЕЊЕ
• Овој апарат и неговите додатоци за готвење се наменети само за употреба во
домаќинството. Не е наменет да се користи за следните примени и гаранцијата нема да
важи за: 
- кујни за вработените во продавници, канцеларии и други работни средини; 
- фармерски куќи; 
- користење од клиенти во хотели, мотели и други објекти од резиденцијален тип; 
- објекти од типот ноќевање со појадок. 
• Овој апарат не е наменет за ракување со помош на надворешен тајмер или посебен
систем за далечинско управување. 
• Ако кабелот за напојување е оштетен, тој мора да се замени од страна на производителот,
овластен сервисен центар или слично квалификувано лице со цел да се избегнат
опасности. 
• Апаратот и неговите додатоци не се наменети да се користат од лица (вклучувајќи деца)
со намалени физички, сетилни или ментални способности или недоволно искусни
или обучени лица, освен доколку не се под надзор или не им се дадени инструкции за
користењето на апаратот од страна на лице одговорно за нивната безбедност. 
• Овој апарат и неговите додатоци може да го користат деца на возраст над 8 години и
лица со намалени физички, сетилни или ментални способности или лица кои немаат
претходно искуство и знаење, под услов да се под надзор или да им се дадени инструкции
за безбедно користење на апаратот и да се запознаени со можните ризици. 
• Децата не треба да играат со овој апарат и неговите додатоци.  
• Чистењето и одржувањето од страна на корисникот не треба да го вршат деца, освен ако
се постари од 8 години и се под надзор.
• Чувајте ги апаратот и кабелот подалеку од дофат на деца помали од 8 години.
ВНИМАНИЕ: Жешка површина
Температурата на пристапните површини може да биде висока кога апаратот работи. Не ги
допирајте жешките површини на апаратот или додатоците. 
• Внатрешноста на апаратот и додатоците за готвење чистете ги со неабразивен сунѓер и
течност за миење садови. 
• Надворешноста на апаратот чистете ја со влажен сунѓер или крпа. 
Погледнете го делот „Чистење" од упатствата за употреба. 
• Апаратот може да се користи до надморска височина од 4000 m. 
122
НАПРАВЕТЕ ГО СЛЕДНОТО:
• Прочитајте ги и следете ги упатствата за употреба. Чувајте ги на сигурно место. 
• Пред употреба, отстранете ги сите материјали за пакување и сите промотивни етикети или
налепници од вашиот апарат и од додатоците за готвење.  
• Проверете дали напонот на вашата мрежа за напојување одговара на напонот наведен на
плочката со спецификации на апаратот (наизменична струја). 
• Со оглед на различните важечки стандарди, доколку апаратот се користи во земја
различна од онаа во којашто е купен, тој треба да се провери од овластен сервисен
центар. 
• Користете го апаратот на рамна, стабилна работна површина отпорна на топлина,
подалеку од извори што прскаат вода. 
• Користете ги само додатоците за готвење коишто се вклучени во Turbo Crisp сетот или
коишто се купени од овластен сервисен центар. Не користете ја Turbo Cuisine корпата за
готвење на пареа со Turbo crisp капакот.  
• За да спречите оштетување на додатоците, користете ги само на моделите за коишто се
дизајнирани (на пр., не ставајте ги во рерна, на шпорет на гас или на електрична плоча за
готвење, итн.). 
• Проверете дали додатоците се стабилни, добро позиционирани и соодветно поставени на
апаратот.  
Забелешка: можете да ги поставувате додатоците еден врз друг во вашиот сад за да
готвите храна на различни нивоа. Погледнете на "Get started pack" за да ги видите можните
комбинации. 
• Секогаш исклучувајте го уредот од струја: по употреба, за да го преместите или за да го
исчистите. 
• Во случај на пожар, исклучете го апаратот од струја и задушете го пламенот со влажна
кујнска крпа. 
• За да избегнете оштетување на вашиот апарат, следете ги рецептите дадени во
апликацијата на брендот ( Tefal или Moulinex, во зависност од вашата област) и
задолжително користете ги соодветните количини на состојки. 
Животна средина 
Заштита на животната средина на прво место!
Апаратот содржи вредни материјали што може повторно да се
искористат или рециклираат.
Однесете го во локален пункт за собирање отпад.
MK
123

Werbung

loading