Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GKS 18 V-LI Professional Originalbetriebsanleitung Seite 199

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GKS 18 V-LI Professional:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
Сечење со паралелен граничник (види слика D)
Паралелниот граничник (8) овозможува прецизни
резови по должината на делот што се обработува, како на
пример сечење на ленти со исти димензии.
Сечење со помошен граничник (види слика E)
За обработка на големи парчиња или за сечење на прави
рабови, на делот што се обработува може да зацврстите
една даска или лајсна како помошен граничник и да ја
водите кружната пила со основната плоча по должината
на помошниот граничник.
Сечење со шина водилка (види слика G)
Со помош на шината водилка (33) може да правите
праволиниски резови.
Напомена: Користете ја шината водилка (33) само за
правоаголни резови. При сечење со закосување може да
се оштети шината водилка (33).
Лепливиот слој го спречува лизгањето на шината водилка
и ја негува површината на делот што се обработува.
Облогата на шината водилка овозможува лесно лизгање
на електричниот алат.
Поставете ја кружната пила директно на шината водилка
(33). Прицврстете ја шината водилка (33) со соодветни
затегнувачки механизми, на пр. столарски стеги, на делот
што се обработува, така што тесниот крак на шината
водилка (33) ќе покажува кон сечилото за пила.
Шината водилка (33) не смее да биде издадена на
страната на делот што треба да се сече.
Вклучете го електричниот алат водете го рамномерно со
лесен притисок во правецот на сечење.
Со сврзниот дел (34) може да се спојат две шини
водилки. Затегнувањето се врши со помош на четирите
завртки што се наоѓаат на сврзниот дел.
Напомени за оптимално користење на батериите
Заштитете ја батеријата од влага и вода.
Складирајте ја батеријата во опсег на температура од
−20 °C до 50 °C. Не ја оставајте батеријата на пр. во
автомобилот во лето.
Повремено чистете ги отворите за проветрување на
батеријата со мека, чиста и сува четка.
Скратеното време на работа по полнењето покажува,
дека батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Bosch Power Tools
Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите
u
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
Осцилаторниот заштитен капак мора секогаш слободно
да се движи и да се затвора. Пределот околу
осцилаторниот заштитен капак секогаш треба да биде
чист. Отстранете ги прашината и струганиците со четка.
Необложените сечила за пила може да се заштитат од
корозија со тенок слој на безкиселинско масло. Пред
сечењето, отстранете го маслото, за да не остави дамки
на дрвото.
Остатоците од смола и лепак на сечилото за пила го
нарушуваат квалитетот на сечењето. Затоа, чистете ги
сечилата за пила веднаш по употребата.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Ознаки за експлозија и
информации за резервните делови исто така ќе најдете
на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Д.П.Т.У "РОЈКА"
Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69
1000 Скопје
Е-пошта: servisrojka@yahoo.com
Тел: +389 2 3174-303
Моб: +389 70 388-520, -530
Дополнителни адреси на сервиси може да најдете
под:
www.bosch-pt.com/serviceaddresses
Транспорт
Препорачаните литиум-јонски батерии подлежат на
барањата на Законот за опасни материјали. Батериите
може да се транспортираат само од страна на
корисникот, без потреба од дополнителни
квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр.
воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се
внимава на специјалните напомени на амбалажата и
ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката
мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Македонски | 199
1 609 92A 7T1 | (25.05.2022)

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis