Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GBH 12-52 D Professional Originalbetriebsanleitung Seite 135

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GBH 12-52 D Professional:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
(9) во правец на стрелките од часовникот.
Внимавајте, затезната лента на дополнителната дршка
да легне во предвидениот жлеб на куќиштето.
Бирање на глава за дупчење и алат
За ударно дупчење и длетување потребни Ви се SDS-max-
алати, што ќе се вметнат во SDS-max-главата за дупчење.
Промена на алат
Капакот за заштита од прав (1) го спречува
навлегувањето на правта која се создава при дупчењето
во прифатот на алатот. Затоа при употребата на алатот
проверете дали капакот за заштита од прав (1) е оштетен.
Оштетениот капак за заштита од прав веднаш треба
u
да се замени. Се препорачува ова да се изврши од
страна на сервисната служба.
Замена на алат (SDS-max)
Ставање на алатот за вметнување (види слика A)
Со SDS-max-прифатот за алат можете едноставно и
лесно, без користење на дополнителни алати, да го
замените алатот што се вметнува.
– Исчистете го крајот за вметнување на алатот што се
вметнува и малку намастете го.
– Притиснете ја чаурата за заклучување (2) наназад и
поставете го алатот за вметнување вртејќи во
прифатот за алат. Повторно отпуштете ја чаурата за
заклучување (2) за да го фиксирате алатот за
вметнување.
– Проверете дали е заклучен со повлекување на алатот.
Вадење на алатот за вметнување (види слика B)
– Турнете ја чаурата за заклучување (2) наназад и
извадете ја запчестата глава за дупчење.
Всисување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Bosch Power Tools
Употреба
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
u
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните алати означени
со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
Подесување на режимот на работа
Со прекинувач за запирање на вртењето (3) изберете го
начинот на работа на електричниот алат.
– За промена на режимот на работа свртете го
прекинувачот за запирање на вртежи (3) во саканата
позиција.
Напомена: Променете го режимот на работа само
u
доколку електричниот алат е исклучен! Инаку
електричниот алат може да се оштети.
Позиција за ударно дупчење
Доколку алатот за вметнување веднаш не се
врти, полека движете го електричниот алат,
додека не почне и алатот за вметнување да
се врти.
Позиција Vario-Lock за подесување на
позицијата на длетото
Позиција за Длетување
Вклучување/исклучување во режимот на дупчење
– За ставање во употреба на електричниот алат
притиснете го прекинувачот за вклучување/
исклучување (6) и држете го притиснат.
– За исклучување отпуштете го прекинувачот за
вклучување/исклучување (6).
Вклучување/исклучување во режимот на длетување
– За ставање во употреба на електричниот алат
притиснете го прекинувачот за вклучување/
исклучување (6) нагоре (I), додека не се блокира.
– За да го исклучите електричниот алат, притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (6) надолу
(0) и отпуштете го.
На ниски температури електричниот апарат дури по
одреден период го постигнува целосниот капацитет на
удари.
Промена на позицијата за длетување (Vario-Lock)
Длетото може да го фиксирате во 16 позиции. Притоа,
може да ја користите оптималната работна позиција.
Македонски | 135
1 609 92A 747 | (25.05.2022)

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Diese Anleitung auch für:

Gbh 12-52 dv professional

Inhaltsverzeichnis