Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

AEG Powertools BPS18-254BL Originalbetriebsanleitung Seite 168

Kapp- und gehrungssäge
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 35
БАТЕРИЈА И ПОЛНАЧ
Компатибилен сет батерии (не е вклучен): System GBS
Компатибилен полнач(не е вклучен): System GBS
Користете исклучиво Систем GBS за полнење на батерии од GBS
систем. Не користете батерии од друг систем.
ТРАНСПОРТ НА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Литуим-јонските батерии подлежат на законските одредби за
транспорт на опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно
локалните, националните и меѓународните прописи и одредби.
Потрошувачите на овие батерии може да вршат непречен
патен транспорт на истите.
Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии од страна
на шпедитерски претпријатија подлежни на одредбите за
транспорт на опасни материии. Подготовките за шпедиција
и транспорт треба да ги вршат исклучиво соодветно обучени
лица. Целокупниот процес треба да биде стручно надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на следното:
Осигурајте се дека контактите се заштитени и изолирани, а сето
Mak
тоа со цел да се избегнат кратки споеви. Внимавајте да не дојде
до изместување на батериите во нивната амбалажа. Забранет
е транспорт на оштетени или протечени литиум-јонски
батерии. За понатамошни инструкции обратете се до Вашето
шпедитерско претпријатие.
ЗАШТИТА ОД ПРЕОПТЕРЕТУВАЊЕ НА БАТЕРИЈАТА
При преоптеретување на батеријата како резултат на мошне
висока потрошувачка на струја, на пример екстремно високи
вртежни моменти, ненадејно стопирање или краток спој,
електро-алатот вибрира 5 секунди, приказот за полнење
трепка и електро-алатот самостојно се исклучува.
За повторно вклучување ослободете го притискачот на
прекинувачот, а потоа повторно вклучете.
Во случај на екстремни оптоварувања батеријата се загрева
премногу. Во таков случај трепкаат сите ламбички од приказот
за полнење сè додека батеријата не се излади. По гаснење на
приказот за полнење може да се продолжи со работа.
Тогаш ставете ја батеријата во уредот за полнење за повторно
да ја напоните и активирате.
ОДРЖУВАЊЕ
Немојте да ја менувате оваа пила на никаков начин или да
користите прибор кој не е одобрен од производителот. Вашата
безбедност и безбедноста на другите може да биде доведена
во прашање.
Немојте да ја користите пилата доколку некој прекинувач,
штитник или други функции на пилата не работат како што
е наменето. Вратете ја во овластениот сервисен центар за
професионална поправка или штелување.
Немојте да правите никакви преиначувања додека ножот на
пилата е во движење.
Тргнете го сетот батерии пред да правите преиначувања,
подмачкување или кога ја сервисирате машината.
Пред и после секоја употреба проверете ја пилата да не има
оштетување или скршени делови и одржувајте ја во топ
работна состојба така што веднаш ќе ги смените деловите со
делови кои се одобрени од производителот.
После употреба, ножот е многу жежок, носете ракавици или
оставете го да се излади пред да правите сервисирање или
чистење.
Македонски
164
Исчистете ја насобраната прав со помош на четка или
правосмукалка. Немојте да користите компримиран воздух.
За да обезбедите сигурност и доверливост, сите поправки,
вклучително менувањето на четките, треба да ги прави
овластен сервисен центар.
Уверете се дека алатката е исклучена од напојување пред да го
прикачите или отстраните сечилото.
Апаратот и заштитната направа очистете ја со сува крпа.
Вентилациските отвори на машината мора да бидат комплетно
отворени постојано.
РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ
Користете само AEG додатоци и резервни делови. Доколку
некои од компонентите кои не се опишани треба да бидат
заменети, Ве молиме контактирајте ги сервисните агенти на
AEG (консултирајте ја листата на адреси).
Доколку е потребно можно е да биде набавен детален приказ
на алатот. Ве молиме наведете го бројот на артиклот како и
типот на машина кој е отпечатен на етикетата и порачајте ја
скицата кај локалниот застапник или директно кај: Techtronic
Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden,
Germany.
ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ
Под целосна лична одговорност изјавуваме дека производот
опишан во „Технички податоци" е во сообразност со сите
релевантни прописи од директивите
2011/65/EU
2006/42/EC
2014/30/EU
и дека се применети следните хармонизирани стандарди
EN 61029-1:2009 + A11:2010
EN 61029-2-9:2012 + A11:2013
EN 55014-1:2006+A1:2009+A2:2011
EN 55014-2: 1997+A1:2001+A2:2008
EN 50581:2012
Winnenden, 2016-12-02
Alexander Krug / Managing Director
Ополномоштен за составување на техничката документација.
Techtronic Industries GmbH
Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden, Germany

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis