Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

AEG Powertools BPS18-254BL Originalbetriebsanleitung Seite 165

Kapp- und gehrungssäge
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 35
Носете соодветна облека. Немојте да носите
широка облека или накит којшто може да се фати во
подвижните делови.
Користете заштитна опрема. Носете заштитни очила. Носете
маска за прав доколку при работните операции се создава
прашина.
Никогаш немојте да го влечете кабелот за да го исклучите од
штекерот. Кабелот чувајте го подалеку од топлина, масло и остри
рабови.
При врстете го обработуваното парче. Кога е можно,
користете стеги или менгеме за да го држи парчето. Така е
побезбедно отколку да ги користите Вашите раце.
Не се наслонувајте премногу према напред и во секое
време одржувајте ја рамнотежата.
Грижливо одржувајте го алатот. Алатот за режење
одржувајте го остар и чист за подобар и побезбеден учинок.
Следете ги упатствата за подмачкување и менување на
приборот. Повремено проверувајте ги каблите на алатката
и, ако се оштетени, дајте ги на поправка во овластен сервис.
Прегледувајте ги продолжените кабли и заменете ги ако се
оштетени.
Исклучувајте го алатот. Кога не се користи, пред сервисирање
и кога менувате прибор, како на пример ножеви, бургии и
секачи, исклучете го алатот од електричната струја.
Тргнете ги клучевите за штелување и останатите клучеви.
Развивајте си навика да проверувате дали клучевите се
отстранети од алатот пред да го вклучите.
Уверете се дали копчето е ставено во положба „Исклучено" кога
ги ставате батериите.
За надворешна употреба, користете продолжен кабел.
Кога алатот го користите надвор, користете само продолжен
кабел кој е наменет и означен дека е за надворешна употреба.
Бидете претпазливи. Внимавајте што правите, користете
здрав разум и не работете со алатката кога сте уморни.
Пред употреба, комплетно проверете го алатот да не
има некакво оштетување или маана. Проверете дали
подвижните делови се ускладени, дали се споени, да не има
скршени делови, дали е монтирано нешто или било какви
други услови кои би можеле да влијаат врз функционирањето
на алатот.
Немојте да ја користите машината ако штитниците не се на
место и не работат правилно.
Во случај на оштету-вања истите веднаш да бидат дадени на
авторизирана стручна работнил-ница на поправка.Немојте да
ја користите алатката ако копчето нејќе да се вклучи и исклучи.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Употребата на било каков друг прибор
или додатоци освен оној што е препорачан во овој прирачник,
може да претставува ризик од повреда.
Вашиот алат нека го поправа само квалификуван
персонал. Овој електричен алат е во согласност со
релевантните прописи за безбедност. Поправките треба да ги
прави само квалификуван персонал користејќи оригинални
резервни делови, во спротивно може да дојде до значителна
опасност за корисникот.
БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА ЗА ПИЛА ЗА СЕЧЕЊЕ
ПОД АГОЛ
Обработуваното парче секогаш притегнувајте го, за да биде
безбедно и сигурно.
Обезбедете, машината да стои постојано цврсто (на пример
прицврстување на работната маса)..
Носете штитник за уши. Влијанието на бука може да
предизвика губење на сетилото за слух.
При работа со машината постојано носете заштитни очила. Се
препорачува да носите ракавици кога ракувате со ножеви и
рапав материјал, како и тврди нелизгачки чевли кои ги штитат
нозете од обработуваните пачиња кои може да паднат од
зоната каде што се реже.
Секогаш исклучувајте ја приклучницата или батериите пред
да вршите било какви подесувања, сервисирање или чистење
на машината.
Погрижете се машината да биде исклучена пред да ги
монтирате или демонтирате батериите.
Немојте да стоите наспроти ножот од пилата пред машината.
Секогаш стојте настрана од ножот на пилата.
Дланките, прстите и рацете чувајте ги понастрана од
ротирачкиот нож на пилата.
Никогаш немојте да ги ставате рацете близу ножот, освен ако
ножот не е целосно запрен.
Пред употреба, комплетно проверете го алатот да не има
некакво оштетување или маана. Оштетените делови да се
поправат исклучиво од страна на стручно лице.
Секогаш користете заститен штит на машината. Немојте да
ја користите машината ако штитниците не се на место и не
работат правилно.
Не ја затегнувајте вртливата заштита.
Ако парчето за обработка или сечилото биде блокирано,
исклучете ја пилата за сечење под агол. Почекајте сите
подвижни делови да запрат и исклучете го приклучокот
од струја и/или извадете ги батериите. Потоа извадете го
заглавениот материјал.
Никогаш не менувајте ја пилата или нејзината функција.
Вашата безбедност може да биде компромитирана.
Немојте да користите ножевите кои се напукнати, оштетени
или деформирани.
Не користете сечила за пила кои се направени од
високобрзински челик
Користете само ножеви кои се остри. Тапите ножеви заменете
ги со нови.
Користете држач за нож или носете ракавици кога ракувате со
ножот од пилата.
Секогаш користете сечила со соодветна големина и форма или
крунски пили.
Сечила кои не одговараат на монтираниот хардвер на пилата ќе
се движат неправилно предизвикувајќи губење на контролата.
Користете само ножеви за сечење дрво, специфицирани во овој
прирачник, кои се во согласност со EN 847-1.
Немојте да користите било какви други прирабници, подлошки
или бургии за прицврстување на ножот, освен оние кои се
обезбедени или наведени во упатството за употреба.
Ок клучно значење е да се остане до максимално
специфицираната брзина на сечилото.
Македонски
161
Mak

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis