OBJ_BUCH-283-013.book Page 202 Thursday, September 29, 2016 8:34 AM
202 | Македонски
Спојка за заштита од преоптоварување
Доколку алатот што се вметнува се стегне или
заглави, ќе се прекине погонот на вратилото за
дупчење. Електричниот апарат секогаш држете го,
поради јачината со која работи, цврсто со двете
дланки и застанете во сигурна положба.
Исклучете го електричниот апарат и олабавете го
алатот што се вметнува, доколку се блокира
електричниот апарат. Доколку вклучите блокиран
алат за дупчење настануваат моменти на
блокирање.
Брзо исклучување (ERC)
Брзото исклучување овозможува подобра контрола на
електричниот апарат. При ненадејна и непредвидена
ротација на електричниот апарат околу оската за дупчење,
електричниот апарат се исклучува.
Брзото исклучување е прикажано со трепкање работното
светло 14 на електричниот апарат.
– За повторно ставање во употреба отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување и одново
притиснете го.
Брзото исклучување може да се активира само кога
електричниот апарат работи со максимален број на
работни вртежи и може да се врти слободно околу
оската на бургијата. Притоа, изберете погодна
работна позиција. Инаку не е загарантирано дека ќе се
активира брзото исклучување.
Приказ за контрола на температурата
Црвеното LED светло на приказот за контрола на
температурата 19 сигнализира, дека батеријата или
електрониката на електричниот апарат (со вметната
батерија) не е во оптималните граници на температурата.
Во овој случај електричниот апарат не работи или не
работи со полна јачина.
Контрола на температурата на батеријата:
– Црвеното LED светло 19 свети постојано при
вметнувањето на батеријата во полначот: Батеријата е
надвор од границите на температурата за полнење од
0 °C до 45 °C и не може да се наполни.
– Црвеното LED светло 19 трепка при притискање на
копчето 21 или на прекинувачот за
вклучување/исклучување 10 (при ставена батерија):
Батеријата е надвор од границите на работна
температура.
– При температура на батеријата од над 70 °C
електричниот апарат се исклучува, додека батеријата
не се врати во оптималните граници на температура.
Контрола на температурата на електрониката на
електричниот апарат:
– Црвеното LED светло 19 постојано свети при
притискање на прекинувачот за
вклучување/исклучување 10: Температурата на
електрониката на електричниот апарат изнесува
помалку од 5 °C или повеќе од 75 °C.
– При температура од над 90 °C електрониката на
електричниот апарат се исклучува, додека не се врати
повторно во границите на температурата за работа.
1 609 92A 2CS | (29.9.16)
Совети при работењето
Подесување на длабочина на дупчење (види слика M)
Со граничникот за длабочина 17 може да се утврди
длабочината на дупчење X.
– Притиснете го копчето за подесување на граничникот
за длабочина 15 и поставете го граничникот за
длабочина во дополнителната дршка 16.
Избраздениот дел на граничникот за длабочина 17
мора да покажува надолу.
– Вметнете го SDS-plus-алатот за вметнување до крај во
прифатот за алат SDS-plus 3. Инаку, доколку SDS-plus-
алатот е лабаво наместен, може да доведе до погрешно
подесување на длабочината на дупчење.
– Извлечете го граничникот за длабочина до тој степен,
да одговара на растојанието на саканата длабочина на
дупчење меѓу врвот на дупчалката и врвот на
граничникот за длабочина X.
Промена на позицијата за длетување (Vario-Lock)
Длетото може да го фиксирате во36 позиции. Притоа,
може да ја користите оптималната работна позиција.
– Ставете го длетото во прифатот за алат.
– Свртете го прекинувачот за запирање на удари/вртежи
13 во позиција „Vario-Lock" (види „Подесување на
начинот на работа", страна 201).
– Свртете го алатот за вметнување во саканата позиција
за длетување.
– Свртете го прекинувачот за запирање на удари/вртежи
13 во позиција „Длетување". Со тоа, прифатот за алат ќе
се фиксира.
– Поставете го правецот на вртење за длетување на десен
тек.
Вметнување на битови за одвртувач/зашрафувач
(види слика N)
Електричниот апарат ставете го на мутерот/шрафот
само доколку е исклучен. Доколку апаратот е вклучен
и се врти, тој може да се преврти и падне.
За користење на битовите за одвртувач/зашрафувач
потребен ви е универзален држач 31 со SDS-plus вратило
за прифат (опрема).
– Исчистете го крајот за вметнување на вратилото за
прифат и малку намастете го.
– Универзалниот држач ставете го со вртење во прифатот
на алат, додека самиот не се заклучи.
– Проверете дали е заклучена со влечење на
универзалниот држач.
– Ставете еден бит за одвртувач/зашрафувач на
универзалниот држач. Користете само битови што се
соодветни на главата за зашрафување.
– За вадење на универзалниот држач вметнете ја чаурата
за заклучување 5 наназад и извадете го универзалниот
држач 31 од прифатот за алат.
Bosch Power Tools