90 МАКЕДОНСКИ
Вовед
Ви честитаме за купувањето и добре дојдовте во Philips!
За да целосно ја искористите поддршката што ја нуди Philips, регистрирајте го вашиот производ
на www.philips.com/welcome.
Важно
Внимателно прочитајте ги овие важни информации пред да го користите апаратот и зачувајте ги
за во иднина.
Опасност
- Немојте да го поставувате апаратот на или близу до жежок плински шпорет, кој било
електричен шпорет и електрични грејни плочи или во загреана рерна. (сл. 1)
- Немојте никогаш да го потопувате апаратот во вода ниту да го плакнете под чешма.
- За да спречите струен удар, внимавајте да не навлезе вода или друга течност во апаратот.
- Состојките за пржење секогаш ставајте ги во корпата за да не дојдат во допир со грејните
елементи.
- Немојте да ги покривате отворите за влез и излез на воздух додека работи апаратот.
- Немојте да ја полните тавата со масло бидејќи тоа може да предизвика пожар.
- Немојте да го користите апаратот ако е оштетен приклучокот, кабелот за напојување или
самиот апарат.
- Никогаш немојте да ја допирате внатрешноста на апаратот додека работи.
- Никогаш немојте да ставате количина на храна што го надминува максималното ниво
означено во корпата.
- Секогаш проверувајте дали грејачот е слободен и дали има заглавено храна во грејачот.
Предупредување
- Во случај на оштетување, кабелот за напојување мора да го замени компанијата Philips, нејзин
сервисер или други лица со слични квалификации за да се избегне опасност.
- Апаратот приклучувајте го само во заземјен ѕиден штекер. Секогаш проверувајте дали
приклучокот правилно сте го вметнале во штекерот.
- Овој апарат не е наменет за употреба со надворешен тајмер или со засебен систем за
далечинско управување.
- Површините што се допираат може да станат врели додека работи апаратот. (сл. 2)
- Овој апарат може да го користат деца постари од 8 години и лица со ограничени физички,
сензорни или ментални способности или лица со недостаток на искуство и знаење, под услов
да се под надзор или да добиле упатства за безбедно користење на апаратот и да ги разбираат
можните опасности. Децата не смеат да си играат со апаратот. Чистење и корисничко
одржување смеат да вршат деца постари од 8 години под надзор на возрасно лице.
- Апаратот и кабелот држете ги подалеку од дофат на деца помлади од 8 години.
- Немојте да го потпирате апаратот на ѕид или на други апарати. Оставете најмалку 10 cm
слободен простор од задната страна, од двете бочни страни и над апаратот. Не ставајте ништо
врз апаратот.
- За време на пржењето со врел воздух, од отворите за излез на воздух се ослободува врела
пареа. Држете ги рацете и лицето на безбедно растојание од пареата и од отворите за излез на
воздух. Исто така, внимавајте на врелата пареа и воздухот кога ја вадите тавата од апаратот.
- Никогаш не користете лесни состојки или хартија за печење во апаратот.
- Површините што се допираат може да станат врели додека работи апаратот.
- Складирање компири: температурата мора да биде соодветна на складираната сорта компир
и мора да биде над 6 °C за да се минимизира ризикот од изложеност на акриламид во
подготвената храна.
- Никогаш немојте да ја полните тавата со масло.
- Апаратот е предвиден за употреба при амбиентални температури помеѓу 5 °C и 40 °C.
- Пред да го вклучите апаратот, проверете дали напонот наведен на апаратот одговара на
напонот на локалната електрична мрежа.
- Кабелот за напојување држете го подалеку од жешки површини.