Упатство за користење
MK
СЛУШАЛКИ И ЗАШТИТНИК ЗА СЛУХ СО НАМАЛУВАЊЕ НА БУЧАВАТА
Ова упатство за користење се однесува на следниве модели:
Заштита на слух во вид на лента за глава:
49002-001 - ФМ-радио, според нивото, Bluetooth®
Заштита на слух за на шлем/капа:
49002-001 - ФМ-радио, според нивото, Bluetooth®
Функциите и упатствата за користење се разликуваат според моделите. Следете ги
упатствата што се однесуваат на вашиот модел.
Слушалките ги комбинираат функциите за ФМ-радио, „активно слушање" според нивото и безжична
комуникација преку мобилен телефон (или други уреди) и уреди за непрекинат тек на музика (MP3-уреди,
мобилни телефони, компјутери и др.) коишто се компатибилни со Bluetooth® и A2DP (Профил за напредна
дистрибуција на аудио - Advanced Audio Distribution Profile).
Микрофонот на држач за елиминирање на звук овозможува јасна комуникација дури и при високи
нивоа на бучава.
Внимателно прочитајте ги упатствата со цел да ги искористите сите придобивки од
вашиот производ од Hellberg.
• За да добиете оптимална удобност и најдобар ефект од овој заштитник за слух, тој мора да се
користи, одржува и приспособува според следниве упатства.
• Штитниците за уши, особено перничињата, можат да се оштетат со текот на користењето и
треба да се проверуваат редовно за пукнатини и пропуштање.
• Користењето на средства за хигиенска заштита или потење врз прстените за прицврстување
може да ги намали својствата на заштитникот за слух за намалување на бучавата.
• Одредени хемиски супстанци може да имаат уништувачки ефект врз овој производ.
Производителот може да ви понуди повеќе информации.
• Својствата на заштитникот за слух за намалување на бучавата можат значително да се намалат
ако користите додатоци како дебели рамки за очила, маски/качулки за скијање итн. Отстранете
ја целата коса под прстенот за прицврстување и поставете ги штитниците за уши врз ушите
за да добиете удобно и пријатно чувство. Внимавајте ушите да бидат целосно покриени со
штитниците за уши и да добиете еднаков притисок околу ушите.
Лента за глава (сл. C)
Приспособете го заштитникот на најголемата големина и ставете го на вашата глава. Приспособете ја
лентата така што заштитникот удобно ќе стои на темето на вашата глава.
Приклучок за шлем/капа (сл. D)
• Притиснете го приклучокот за шлем во отворот за прикачување на шлемот за да го прицврстите.
• Поставете ги штитниците за уши врз ушите и притискајте навнатре додека не слушнете звук во вид на
„кликнување". Приспособете ги штитниците за уши за удобно сместување на шлемот на вашата глава.
Одржување
Чистете ги со послаб сапун. Мора да бидете сигурни дека детергентот кој го користите не
предизвикува иритација на кожата. Заштитникот за слух мора да се чува на суво и чисто место, како
на пример во неговото оригинално пакување. Не потопувајте го производот во вода!
Предупредување!
Ако не се следат упатствата, намалувањето на бучавата може значително да се намали.
Заштитникот за слух секогаш мора да се користи во бучна околина за да обезбеди целосна заштита!
Целосна заштита се обезбедува само ако се носи 100% од времето.
86
Synergy
Synergy