Herunterladen Diese Seite drucken

Bosch GCM 8 SJL Professional HEAVY DUTY Originalbetriebsanleitung Seite 295

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GCM 8 SJL Professional HEAVY DUTY:

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
– Цврсто држете го делот што се обработува во оваа
позиција и водете ја рачката на алатот полека нагоре.
– Прицврстете го делот што се обработува.
– Вклучете го ласерскиот зрак со прекинувачот (38).
Ласерскиот зрак мора да биде рамен по целата должина
на линијата на сечење на делот што се обработува, дури и
кога рачката на алатот ќе се води надолу.
Подесување (види слика P2)
– Свртете ја завртката за подесување (53) со соодветен
одвртувач, додека ласерскиот зрак не се постави
рамно по целата должина на линијата на сечење на
делот што се обработува.
Едно вртење во правец спротивен на стрелките на
часовникот го движи ласерскиот зрак од лево на десно, а
вртењето во правец на стрелките на часовникот го движи
ласерскиот зрак од десно на лево.
Подесување на вертикален стандарден агол на
закосување 0°
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Свртете ја масата за пила (16) до жлебот (25) за 0°.
Рачката (22) мора осетно да се вклопи во жлебот.
Проверка (види слика Q1)
– Поставете го агломерот 90° и ставете го на масата за
пила (16).
Кракот на агломерот мора да биде прецизен по целата
должина со сечилото за пила (12).
Подесување (види слика Q2)
– Олабавете го затезниот лост (39).
– Притиснете го граничникот (42) сосема наназад.
– Олабавете ја контра-навртката на завртката-граничник
(55) со обичен прстенест или вилушкаст клуч
(10 mm).
– Завртете ја завртката-граничник навнатре или
нанадвор, додека кракот од агломерот не е рамен по
целата должина со сечилото за пила.
– Повторно затегнете го затегнувачкиот лост (39).
– Потоа повторно затегнете ја контра-навртката на
завртката-граничник (55).
Доколку по подесувањето агломерот (41) не е во линија
со 0°-ознаката на скалата (40), олабавете ја завртката
(54) со обичен крстест одвртувач и насочете го
агломерот по должина на 0°-ознаката.
Подесување на вертикален стандарден агол на
закосување 45°
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Свртете ја масата за пила (16) до жлебот (25) за 0°.
Рачката (22) мора осетно да се вклопи во жлебот.
– Свртете го граничникот (29) целосно нанапред.
– Олабавете го затезниот лост (39).
– Навалете ја рачката на алатот на дршката (9) налево,
додека завртката-граничник не налегне на
граничникот (29).
Bosch Power Tools
Проверка (види слика R1)
– Поставете го агломерот 45° и ставете го на масата за
пила (16).
Кракот на агломерот мора да биде прецизен по целата
должина со сечилото за пила (12).
Подесување (види слика R2)
– Олабавете ја контра-навртката на завртката-граничник
(56) со обичен прстенест или вилушкаст клуч (10mm).
– Завртете ја завртката-граничник навнатре или
нанадвор, додека кракот од агломерот не е рамен по
целата должина со сечилото за пила.
– Повторно затегнете го затегнувачкиот лост (39).
– Потоа повторно затегнете ја контра-навртката на
завртката-граничник (56).
Доколку агломерот (41) по подесувањето не е во иста
линија со 45°-ознаката на скалата (40), најпрво
проверете ја повторно 0°-поставката за вертикалниот
агол на закосување и агломерот. Потоа повторете го
подесувањето за вертикалниот 45°-агол на закосување.
Израмнување на скалата за хоризонтален агол на
закосување
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Свртете ја масата за пила (16) до жлебот (25) за 0°.
Рачката (22) мора осетно да се вклопи во жлебот.
Проверка: (види слика S1)
– Поставете агломер на 90° помеѓу граничната водилка
(14) и сечилото за пила (12) на масата за пила (16).
Кракот на агломерот мора да биде прецизен по целата
должина со сечилото за пила (12).
Подесување: (види слика S2)
– Олабавете ги сите четири завртки за подесување (58)
со крстест одвртувач и свртете ја масата за пила (16)
заедно со скалата (18), додека кракот на агломерот не
лежи рамно по целата должина на сечилото за пила.
– Повторно затегнете ги завртките.
Доколку по подесувањето агломерот (24) не е во линија
со 0°-ознаката на скалата (18), олабавете ја завртката
(57) со обичен крстест одвртувач и насочете го
агломерот по должина на 0°-ознаката.
Транспорт (види слика T)
Пред транспортот на електричниот алат мора да ги
извршите следните чекори:
– Олабавете ја завртката за фиксирање (32), доколку
таа е затегната. Извлечете ја рачката на алатот целосно
нанапред и повторно затегнете ја завртката за
фиксирање.
– Проверете дали граничникот за длабочина (31) е
притиснат сосема навнатре и завртката за подесување
(4) при движењето на кракот на алатот минува низ
отворот без да го допре граничникот за длабочина.
– Подесете го електричниот алат во транспортна
позиција.
– Отстранете ги деловите на опремата, кои не може
цврсто да се монтираат на електричниот алат.
Македонски | 295
1 609 92A 4D3 | (30.08.2018)

Quicklinks ausblenden:

Werbung

loading