Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Huawei DBY-W09 Schnellstartanleitung Seite 39

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für DBY-W09:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

• Идеални температури: од 0 °C до 35 °C за работа, –20 °C до +45 °C за
чување.
• Не користете го уредот на места каде што има прашина, влага или
нечистотија, или во близина на магнетно поле.
• При полнење, адаптерот треба да биде вклучен во штекер во близина
што е лесно достапен. Користете одобрени адаптери за напојување и
полначи.
• Исклучете ги полначот од штекерот и од уредот кога не го користите.
• Консултирајте се со доктор и со производителот на уредот за да
определите дали користењето на уредот може да влијае врз работата на
вашиот медицински уред.
• Не обидувајте се да ја заменувате батеријата самостојно – може да ја
оштетите батеријата, а тоа може да предизвика прегревање, пожар и
повреда. Сервисирањето на вградената батерија во вашиот уред треба
да го врши Huawei или овластен давател на услуги.
• Чувајте ја батеријата подалеку од оган, прекумерна топлина и директна
сончева светлина. Не ставајте ја на или во уреди за затоплување. Не
расклопувајте ја, не изменувајте ја, не фрлајте ја и не гмечете ја. Не
ставајте туѓи тела во неа, не потопувајте ја во течности и не изложувајте
ја на надворешна сила или притисок бидејќи тоа може да предизвика
истекување, прегревање и запалување, па дури и да експлодира.
Информации за фрлање и рециклирање
Симболот на производот, батеријата, литературата или амбалажата
значат дека производите и батериите треба да се однесат во посебни места
за собирање отпад одредени од локалните власти по крајот на работниот
век. На тој начин ќе се обезбеди дека отпадот од електричната и
електронската опрема ќе се рециклира и ќе се третира на начин што ги
зачувува вредните материјали и го заштитува здравјето на луѓето и
околината. За повеќе информации, контактирајте со локалните власти,
продавачот или службата за фрлање на отпадот од домаќинствата или
посетете ја веб-локацијата https://consumer.huawei.com/en/.
Информации за изложеност на радиофреквенции
За земји што го прифаќаат ограничувањето за SAR од 2,0 W/kg над 10
грама ткиво. Уредот ги исполнува спецификациите за RF кога се користи
растојание од 0,50 cm од телото. Највисока пријавена вредност на SAR: SAR
на тело: 0,50 W/kg.
Усогласеност со прописите на ЕУ
Ние, Huawei Device Co., Ltd. изјавуваме дека овој уред DBY-W09 е во
согласност со следниве Директиви: RED 2014/53/ЕУ, RoHS 2011/65/ЕУ, ErP
2009/125/EЗ. Целиот текст на Декларацијата за усогласеност за ЕУ,
деталните информации за ErP и најновите информации за додатоци и
софтвер се достапни на следнава интернет-адреса:
https://consumer.huawei.com/certification.
37

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis