Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Ferm Industrial AGM1093P Originalbetriebsanleitung Seite 147

Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 10
Секогаш носете заштита за очите!
Носете заштита за слухот.
Носете заштитни ракавици.
Не го притискајте забравникот за
вретено додека моторот работи.
Ризик од пожар.
Не го депонирајте производот во
несоодветни садови.
Производот е во согласност со
важечките стандарди за безбедност
во Европските смерници.
Безбедносни предупредувања заеднички за
брусење или абразивни сечења:
a) Овој електричен алат е наменет за
брусење. Прочитајте ги сите безбедносни
предупредувања, упатствата, илустрации
и технички податоци за овој електричен
алат. Ако не се придржувате кон дадените
упатства, кои е се наведени подолу, постои
опасност да предизвикате струен удар, пожар
и/или тешки повреди.
b) Операции како што се пескарење,
работа со жичана четка, полирање не се
препорачуваат да се изведуваат со овој
електричен алат. Операциите кои не се
предвидени за овој алат предизвикуваат
опасност од повреди.
c) Не користете прибор кој не е произведен и
препорачан од страна на производителот
на алатот. Дури и кога приборот ќе биде
прицврстен на алатот не постои гаранција за
безбедно работење.
d) Номиналната брзина на приборот мора
да одговара на max. брзина означена
на алатот. Прибор кој работи побрзо од
номиналниот број на вртежи, може да се
скрши и да се распрска во околината.
e) Надворешниот пречник и дебелината
на приборот мора да бидат во рамките
на капацитетот на алатот. Несоодветна
големина на приборот неможе адекватно да
се заштити и да се контролира.
f) Навојот на монтажниот прибор мора
да одговара на навојот на вретеното на
брусилката. За прибор кој се монтира со
прирабници, отворот на насадот мора да
одговара на пречникот на прирабницата.
Прибор кој не се совпаѓа со монтажната
геометрија на алатот ќе биде небалансиран,
интензивно ќе вибрира и може да предизвика
губење на контрола.
g) Не користете оштетен прибор. Пред секое
користење проверете го приборот, како
нпр., брусната плоча да нема пукнатини,
подложното перниче да нема пукнатини
или да не е изабено, жичаната четка да не е
искубана или да нема искршени влакна. Ако
електричниот алат или приборот паднал,
проверете ги можните оштетувања или
ставете неоштетен прибор. После проверката
и ставањето на приборот, ракувачот и другите
присутни да не стојат во рамнината на
ротирањето на приборот и електричниот алат
да се пушти да работи без оптеретување
околу 1 min. Оштетен прибор ќе се распадне
за ова време.
h) Носете опрема за лична заштитна. Според
видот на работата, користете заштита за
лицето, ракавици или заштитни очила.
Носете маска за прашина, заштита за
слухот, ракавици и облека која штити од
мали отпадоци од брусење или од струшка.
Заштитата за очите мора да биде во состојба
да ги сопре разлетаните делови настанати
при работа. Маската за прашина мора да
биде во состојба да штити од прашина
настаната при работа. Кога сте изложени на
долготрајна бучава носете заштита за слухот.
i) Присутните да бидат оддалечени од
работниот простор. Секој кој влегува во
работниот простор мора да носи заштитна
опрема. Отпадоците од работното парче или
од скршениот прибор може да се разлетаат и
да предизвикаат повреди.
j) Држете го електричниот алат за изолирани
дршки, ако се изведуваат работи кај кои
резниот алат може да дојде во контакт со
скриени жици или со сопствен кабел. Со
пресекување на „жива" жица и металните
делови од електричниот алат стануваат
147

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Diese Anleitung auch für:

Agm1094pAgm1095p

Inhaltsverzeichnis