Herunterladen Diese Seite drucken

E-FLOR RT 550 Bedienungsanleitung Seite 98

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
• Ако кабелот се оштети за време на употребата, веднаш исклучете го од
напојувањето. НЕ ДОПИРАЈТЕ ГО КАБЕЛОТ ПРЕД ДА ГО ИСКЛУЧИТЕ ОД
НАПОЈУВАЊЕТО.
• Не употребувајте ја алатката за косење трева (алатката за сечење на рабовите) ако
каблите се оштетени или изабени.
• При употребата на овој уред препорачуваме да се користи заштитен уредза
диференцијална струја (RCD) од не повеќе од 30 mA во дозната.
• Носете заштита за очи или заштитни очила
• Никогаш не дозволувајте деца или други лица на кои што не им се познати
наведените упатства да ја користат машината.
• Престанете со користење на машината ако во близина се наоѓаат други лица, а
пред сè деца или домашни миленичиња.
• Машината користете ја само на дневна светлина или со добро вештачко
осветлување.
• Пред вклучувањето на машината или по удар, проверете дали има знаци на
абразија или оштетување и направете ги неоходните поправки.
• Никогаш не користете ја машината со оштетени или без заштитни уреди.
• Нозете и рацете држете ги понастрана од уредот за сечење, а пред сè кога го
вклучувате моторот.
• Внимавајте да не ги оштетите уредите кои што служат за одвојување на конецот. По
извлекувањето на секој нов конец секогаш поставувајте ја машината во нормална
работна положба пред да ја вклучите.
• Никогаш не монтирајте метални елементи за сечење.
• Не користете резревни делови и додатоци кои што не се пропишани или
препорачани од производителот.
• Исклучете го приклучокот пред да извршите проверка, чистење или поправки на
машината и кога таа не се користи.
• Отворите за вентилација не смеат да бидат прекриени со нечистотија.
• По употребата извлечете го приклучокот и проверете дали машината има некои
оштетувања.
• Сместете ја машината надвор од дофат на деца.
• Поправките на алатката за косење треба да се вршат само од страна на овластени лица.
• Елементите за сечење ротираат и по исклучувањето на моторот.
• Продолжниот кабел држете го настрана од елементите за сечење.
• Контролите и одржувањето на уредот за косење вршете ги редовно. Поправкитена
уредот да се вршат само од страна на овластени работилници за поправки.
• Алатката за косење секогаш држете ја на безбедно растојание од телото.
• Постојано носете заштитни ракавици.
• Уверете се дека на растојание од 15 метри од областа за косење нема други лица
или животни.
• Пред употребата на алатката за косење отстранете ги камењата, гранките,
играчките или другите страни тела од површината за работа.
• Не допирајте го подножјето на уредот додека е вклучен во струја. Извлечете го
приклучокот од напојување пред да се обидете да го отстраните или да го допрете
капакот за конецот на алатката.
1183809 E-Flor RT 550.indd 97
97
10.10.12 08:42

Werbung

loading

Verwandte Produkte für E-FLOR RT 550