Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch AdvancedGrassCut 36 Originalbetriebsanleitung Seite 214

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für AdvancedGrassCut 36:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 3
214 | Македонски
Батеријата е полна
Трајното светло на зелениот приказ на
батеријата сигнализира дека батеријата е
целосно наполнета.
Потоа во траење од околу 2 секунди се огласува сигнал
кој означува дека батеријата е целосно наполнета.
Тогаш батеријата може веднаш да се употребува.
Откако ќе ја извадите батеријата, трајното светло на
приказот за полнење на батеријата сигнализира дека
струјниот приклучок е сеуште приклучен на ѕидната
дозна и полначот е подготвен за работа.
Температура на батеријата под 0°C или над 45°C
Трајното светло на црвениот приказ за
полнење на батеријата сигнализира дека
температурата е надвор од дозволените
граници на полнење, видете во делот „Технички
податоци". Веднаш штом се постигнат дозволените
граници на температура, полначот се префрла
автоматски на брзо полнење.
Ако температурата на батеријата не е во дозволениот
опсег, при вметнување на батеријата во полначот
светнува црвеното светло.
Не е возможен процес на полнење
Ако постои некаква грешка при полнењето,
трепка црвено светло.
Полењето на батеријата не може да почне и
батеријата не може да се полни (види во делот
„Отстранување на грешки").
Совети за полнењето
При континуирани или последователни циклуси на
полнење без прекин, полначот може да се затопли. Ова е
безопасно и не значи дека постои технички дефект на
полначот.
Скратеното време на работа по полнењето покажува дека
батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Ладење на батеријата (Active Air Cooling)
Вградениот вентилатор во полначот ја контролира
температурата на вметнатиот акумулатор. Доколку
температурата на батеријата е над 30 °C, вентилаторот ќе
ја излади батеријата додека не ја достигне температурата
на полнење. Вклучениот вентилатор создава звук на
проветрување.
Доколку вентилаторот не работи, температурата на
батеријата е во оптималните граници на температура на
полнење или вентилаторот е дефектен. Во овој случај се
продолжува времето на полнење на батеријата.
F 016 L94 427 | (17.05.2022)
Ракување
Вклучување/исклучување (види слика F)
За вклучување притиснете го прво клучот за вклучување
(1). Потоа притиснете го прекинувачот за вклучување/
исклучување (2) и држете го притиснат.
За исклучување пуштете го прекинувачот за
вклучување/исклучување (2).
Косење трева/косење рабови
Притиснете го копчето (12). Завртете ја рачката кон
осовината за 180°, за да ја позиционирате главата на
тримерот за косење на трева или на рабови. Ако го
пуштите копчето (12) , ротирачкиот механизам се
заглавува.
Косење трева
Движете го тримерот лево-десно и внимавајте при
работата со него да одржувате безбедно растојание меѓу
тримерот и вашето тело. Повисоката трева косете ја на
слоеви. (види слика G)
Косење на рабови
Движете го тримерот по работ. Избегнувајте контакт со
цврсти површини и зидови за да избегнете брзо кинење
на конецот. (види слика H)
Поткастрување на двра и грмушки
Употребувајте го за подобро управување со штитникот за
дрва (8). Косете внимателно околу дрва и грмушки, за да
не ги допрете со конецот. Растенијата можат да се исушат
ако им се оштети кората.
Демонтажа на макарата, мотање на конецот и
монтажа на макарата (види слики I до L)
Пред замена на макарата извадете ја батеријата.
u
Притиснете ги двете јазичиња на капакот за конец и
тргнете го (13). Потоа извадете ја празната макара (14).
Отсечете околу 6,0 m конец од дополнителната ролна.
Свиткајте го конецот напола за да добиете две парчиња
по три метри 2 x 3 m. Прицврстете ја средината на
конецот во прифатот за конец и равномерно намотајте го
во двете комори.
Пикнете го другиот крај на конецот низ дупчето (15) во
главата на тримерот и повторно ставете ја макарата во
главата на тримерот. Фиксирајте ја макарата со
поставување на капакот за конец (13).
Надополнување на конецот (види слика M)
Полуавтоматско надополнување на конецот
Тримерот е опремен со полуавтоматски систем за
надополнување. Со секое притискање на прекинувачот
за влкучување и исклучување (2) , излегува 10 mm
конец.
Рачно надополнување на конецот
Притиснете го копчето (16), и повлечете го конецот до
саканата должина.
Bosch Power Tools

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis