Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GOF 130 Professional Originalbetriebsanleitung Seite 157

Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Правец и процес на глодање (види слика E)
Процесот на глодање секогаш мора да се извршува
u
спроти правецот на ротација на глодалката (18)
(спротивен тек). При глодање во правец на ротација
(ист тек) електричниот алат може да ви избега од
раката.
Поставете ја саканата длабочина на глодање.
Електричниот алат со монтирана глодалка поставете го на
делот за обработување и вклучете го.
Притиснете го затезниот лост за фиксирање на
длабочината на глодање (16) надолу и полека водете ја
површинската глодалка надолу, додека не се постигне
подесената длабочина на глодање. Повторно отпуштете
го затезниот лост за фиксирање на длабочината на
глодање (16) за да ја фиксирате оваа длабочина на
вдлабнување. Доколку е потребно, притиснете го
затезниот лост за фиксирање на длабочината на глодање
(16) нагоре, за трајно да го фиксирате.
Процесот на глодање вршете го со константна брзина.
По завршувањето на процесот на глодање, вратете ја
површинската глодалка во најгорна позиција.
Исклучете го електричниот алат.
Глодање со помошен граничник (види слика F)
За обработка на големи делови на пр. кај глодалки за
жлебови, како помошен граничник на делот за
обработување може да прицврстите една даска или
лајсна и да ја водите површинската глодалка по
должината на помошниот граничник. Водете ја
површинската глодалка на израмнетата страна на
лизгачката плоча по должината на помошниот граничник.
Обликување и глодање на рабови
При обликување и глодање на рабови без паралелен
граничник, глодалката мора да биде опремена со чивии-
водилки или куглично лежиште.
Водете го вклучениот електричен алат странично на
делот што се обработува, додека чивиите-водилки или
кугличното лежиште на глодалката не налегне на работ од
делот што се обработува.
Водете го електричниот алат по работ на делот за
обработка. Притоа внимавајте на точниот агол при
потпирањето. Преголемиот притисок може да го оштети
работ на делот што се обработува.
Глодање со паралелен граничник (види слики G–H)
Вметнете го паралелниот граничник (27) со водечките
прачки (26) во основната плоча (6) и цврсто затегнете го
со завртките (4) соодветно на потребните димензии.
Водете го вклучениот електричен апарат со рамномерно
движење и страничен притисок на паралелниот
граничник по должината на работ од делот што се
обработува.
Bosch Power Tools
Глодање на кружни лакови (види слики I–J)
Свртете го паралелниот граничник (27), на тој начин што
површините на граничникот ќе покажуваат нагоре.
Вметнете го паралелниот граничник (27) со водечките
прачки (26) во основната плоча (6) и цврсто затегнете го
со завртките (4) соодветно на потребните димензии.
Прицврстете го клинот за центрирање (28) со пеперутка-
завртката (29) низ отворот на паралелниот
граничник (27).
Ставете го клинот за центрирање (28) во означената
средишна точка на кружниот лак и водете ја глодалката
со рамномерен притисок.
Глодање со граничник за криви линии
(види слики K–L)
Вметнете го паралелниот граничник (27) со водечките
прачки (26) во основната плоча (6) и цврсто затегнете го
со завртките (4) соодветно на потребните димензии.
Прицврстете го граничникот за криви линии со
монтираниот водечки валјак (30) низ отворот на
паралелниот граничник (27).
Водете го електричниот апарат со лесен страничен
притисок по должината на делот што се обработува.
Глодање со шестар за глодање (види слика M)
За кружно глодање може да го употребите шестарот на
глодалката/адаптерот за шините водилки (31).
Монтирајте го шестарот на глодалката како што е
прикажано на сликата.
Завртете ја завртката за центрирање (36)во навојниот
отвор на шестарот на глодалката. Поставете го врвот на
завртката во средишната точка на кружниот лак што
треба да се изглода, а притоа внимавајте на тоа, врвот на
завртката да влегува во површината на делот за
обработување.
Поставете го саканиот радиус со грубо поместување на
шестарот на глодалката и затегнете ги пеперутка-
завртките (33) и (34).
Со вртливото копче (35) по олабавување на пеперутка-
завртките (34) може фино да ја подесите должината.
Едно вртење одговара на должина на подесување од
2,0 mm, една од цртичките на вртливото копче (35)
одговара на промена на должината на подесувањето за
0,1 mm.
Водете го вклучениот електричен алат со десната
рачка (2) и дршката на шестарот на глодалката (32)
преку делот за обработување.
Глодање со шина водилка (види слика N)
Со помош на шините водилки (37) може да вршите
праволиниски движења.
За изедначување на висинските разлики мора да ја
монтирате дистанционата плоча (38).
Монтирајте го шестарот на глодалката/адаптерот за
шините водилки (31) како што е прикажано на сликата.
Зацврстете ја шината водилка (37) со соодветни уреди за
затегнување, на пр. менгеме, на делот за обработување.
Македонски | 157
1 609 92A 5MT | (27.07.2020)

Quicklinks ausblenden:

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis