Важно
Безбедност
Внимателно прочитајте го ова упатство за користење пред употребата на апаратот и зачувајте го
за во иднина.
За да обезбедите најдобри перформанси, проверете дали вашиот прочистувач е надграден
со најновата верзија. Оваа надградба можете да ја извршите преку апликацијата Air+ (само за
производи со функција за Wi-Fi).
Опасност
•
Немојте да го чистите апаратот со вода, некоја друга течност или (запалив) детергент и
внимавајте да не навлезат во апаратот за да се избегне опасност од струен удар и/или пожар.
•
Немојте да прскате со запаливи материјали како што се инсектициди или парфеми околу
апаратот.
Предупредување
•
Пред да го приклучите апаратот проверете дали напонот наведен на апаратот одговара на
напонот на локалната електрична мрежа.
•
Во случај на оштетување, кабелот за напојување треба да го замени компанијата Philips,
односно сервисен центар овластен од Philips или лица со соодветни квалификации за да се
избегне опасност.
•
Немојте да го користите апаратот ако е оштетен адаптерот, кабелот за напојување или
самиот апарат.
•
Користете го само одобрениот адаптер (AC0819/AC0820/AC0830: KA1801A-2400750EU,
AC0850: KA2401A-2401000EU) што се испорачува со производот.
•
Овој апарат може да го користат деца постари од 8 години и лица со ограничени физички,
сензорни или ментални способности или лица со недостаток на искуство и знаење, под
услов да се под надзор или да добиле упатства за безбедно користење на апаратот и да ги
разбираат можните опасности.
•
Децата не смеат да си играат со апаратот.
•
Децата не смеат да го чистат и одржуваат апаратот без надзор.
•
Немојте да го блокирате влезот или излезот за воздух, на пр. со поставување на предмети на
излезот за воздух или пред влезот за воздух.
•
Внимавајте да не паднат надворешни предмети во апаратот преку излезот за воздух.
•
Стандарден интерфејс за Wi-Fi врз основа на 802.11b/g/n на 2,4 GHz со максимална излезна
моќност од 31,62 mW EIRP (само за производи со функција за Wi-Fi).
Внимание
•
Овој апарат не го заменува соодветното проветрување, редовното чистење со
правосмукалка или користењето на кујнски аспиратор или вентилатор при готвењето.
•
Секогаш поставувајте и користете го апаратот на сува, стабилна, рамна и хоризонтална
површина.
•
Оставете најмалку 20 cm слободен простор околу апаратот и најмалку 30 cm слободен
простор над апаратот.
•
Немојте да седите или да стоите врз апаратот. Не ставајте ништо врз апаратот.
•
Не поставувајте го апаратот директно под климатизер за да спречите капење вода врз
апаратот поради кондензацијата.
•
Користете само оригинални филтри од Philips што се специјално наменети за овој апарат.
Немојте да користите други филтри.
•
Согорувањето на филтерот може да предизвика непоправлива опасност за луѓето и/или да
загрози други животи. Не користете го филтерот како гориво или за слична намена.
МК
41