Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Makita CJ105D Betriebsanleitung Seite 213

Akku-thermo-jacke / akku-thermojacke
Vorschau ausblenden Andere Handbücher für CJ105D:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 23
Безбедност на работната област
Користете чист и добро осветлен работен
простор. Темниот и натрупаниот простор ја
зголемуваат опасноста од несреќа.
Електрична безбедност
Не изложувајте ја јакната на дожд или
влажни услови. Ако навлезе вода во јакната,
тоа може да го зголеми ризикот од струен удар.
Не злоупотребувајте го кабелот. Никогаш не
користете го кабелот за носење, влечење
или за исклучување на јакната. Кабелот
треба да биде подалеку од топлина, масло и
остри рабови.
Не поврзувајте извор на напојување со
USB-порта. Инаку, постои опасност од пожар.
USB-портата е наменета само за полнење уред
со понизок напон.
Секогаш ставајте го капакот на USB-портата
кога не полните уред со низок напон.
Не вметнувајте шајка, жица итн. во USB-
портата за напојување. Во спротивно,
краткиот спој може да предизвика чад и пожар.
Не ракувајте со кабелот или батеријата со
влажна или мрсна рака.
Не користете ја јакната кога кабелот или
приклучокот се оштетени.
Секогаш користите го држачот за батерии
назначен од Makita.
Не оставајте никаков кабел исклучен додека
се напојува батеријата. Малите деца може
да стават активен приклучок во устата и да
предизвикаат повреда.
Не поврзувајте го приклучокот од држачот
за батерии со други апарати освен јакната
назначена од Makita.
Лична безбедност
Бидете внимателни, гледајте што правите
и користете го здравиот разум кога ја
користите јакната. Не користете ја јакната
кога сте уморни или под дејство на дрога,
алкохол или на лекови. Еден момент на
невнимание при употребата на јакната може да
доведе до сериозни телесни повреди.
Употреба на јакната и грижа за неа
Не користете ја јакната ако прекинувачот не
може да се вклучи и исклучи. Секоја јакна
што не може да се контролира со прекинувачот
е опасна и мора да се поправи.
Одржувајте ја јакната. Проверете дали
деловите се скршени и во некоја друга
состојба што може да влијае врз работата на
јакната. Ако јакната е оштетена, поправете ја
пред да ја користите.
Користете ја јакната во согласност со овие
упатства, земајќи ги предвид работните
услови и работата што треба да се изврши.
Ако јакната ја користите за поинакви работи од
оние за кои е наменета, тоа може да ве доведе
во опасна ситуација.
Ако врската со осигурувачите е во прекин,
вратете ја јакна во нашиот овластен
сервисен центар за поправка.
Користење и грижа за алатот на батерии
1.
Полнете само со полначот одреден од
страна на производителот. Полнач што
е соодветен за еден тип батерија може да
создаде ризик од пожар кога се користи со
друга батерија.
2.
Исклучиво користете ги електричните
алати со конкретно наменети батерии.
Користењето други батерии може да создаде
ризик од повреда или пожар.
3.
Кога батеријата не се користи, држете ја
настрана од други метални предмети,
како што се спојувалки, монети, клучеви,
шрафови или други мали метални предмети
што можат да послужат како врска од
еден на друг приклучок. Краткиот спој на
батериските приклучоци може да доведе до
изгореници или пожар.
4.
При случаи на злоупотреба, од батеријата
може да истече течност. Избегнувајте
контакт со неа. Ако дојде до ненамерен
контакт, измијте со вода. Ако течноста дојде
во допир со очите, побарајте дополнителна
медицинска помош. Течноста што истекла од
батеријата може да предизвика иритација или
изгореници.
5.
Не користете батерии или алат што се
оштетени или менувани. Оштетените или
менуваните батерии може да прикажуваат
непредвидливо однесување што резултира со
оган, експлозија или опасност од повреда.
6.
Не изложувајте ги батериите или алатот
на оган или прекумерна температура.
Изложувањето на оган или температура над
130°C може да предизвика експлозија.
Следете ги сите упатства за полнење
7.
и не полнете ги батериите или алатот
надвор од температурниот опсег наведен
во упатството. Неправилното менување
или менувањето на температури надвор од
наведениот опсег може да ја оштети батеријата
и да ја зголеми опасноста од оган.
Важни безбедносни упатства за
касетата за батеријата
1.
Пред користење на касетата за батеријата,
прочитајте ги сите упатства и ознаки
за претпазливост на (1) полначот за
батеријата, (2) батеријата и (3) производот
што ја користи батеријата.
2.
Не расклопувајте ја, ниту експериментирајте
со касетата за батеријата. Тоа може да
резултира со оган, прекумерна топлина или
експлозија.
3.
Ако оперативното времето станало
прекумерно кратко, престанете веднаш со
работа. Тоа може да резултира со ризик од
прегревање, можни изгореници, па дури и
експлозија.
4.
Ако електролит навлезе во вашите очи,
измијте ги со чиста вода и побарајте
медицинска нега веднаш. Тоа може да
резултира со губење на вашиот вид.
213 МАКЕДОНСКИ

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis