• Држете ги рацете и стапалата подалеку од сечивото,
особено кога ја вклучувате машината
• Секогаш одржувајте ги отворите за вентилација
чисти и без отпадоци
• Не работете со косилката на влажни тревници
• Одржувајте правилна рамнотежа и цврсто
стојалиште постојано; hе пресегајте се
• Одржувајте соодветно растојание на закосени
терени и не косете на исклучително стрмни терени
• Работете со косилката само со одење (не трчајте)
• Косете попреку на закосените терени (никога нагоре
и надолу)
• Бидете исклучително внимателни кога го менувате
правецот на закосените терени
• Бидете исклучително внимателни кога косите
наназад или кога ја влечете косилката кон себе
• Проверете дали сечивото е комплетно застанато
кога ја закосувате машината за да преминете
одредена површина што не е трева и кога ја носите
до и од областа за косење
• Не закосувајте ја машината кога го вклучувате
моторот освен ако таа мора да се закоси при работа
во висока трева (во тој случај не закосувајте ја
повеќе од неопходното и секогаш со делот што е
подалеку од операторот). Секогаш држете ги двете
раце во работната положба пред да ја вратите
машината на телото
• Секогаш чувајте ги рацете и нозете подалеку од
ротирачките делови
• Стојте секогаш настрана од испустот
• Не пренесувајте го алатот кога работи моторот
• Секогаш исклучувајте го алатот, вадете го
приклучокот од изворот на напојување и осигурајте
се дека сите подвижни делови се целосно запрени
- кога косилката ја оставате без надзор
- пред чистење заглавен материјал
- пред проверка, чистење или работа на косилката
- ако удрите во стран предмет
- секогаш кога косилката ќе вибрира невообичаено
• Ако механизмот за дробење удри во стран предмет
или ако алатот започне да произведува
невообичаена бука или вибрации, веднаш исклучете
го и почекајте сечивото да застане, исклучете го
приклучокот и преземете ги следните чекори
- проверете дали има оштетување
- заменете или поправете ги оштетените делови
- проверете и затегнете ги разлабавените делови
ПО УПОТРЕБА
• Сечивото продолжува да ротира уште извесно
време откако машината ќе се исклучи (не
допирајте го сечивото додека се врти)
• Чувајте ја машината во затворен простор на суво и
затворено место и подалеку од дофат на деца
ОБЈАСНУВАЊЕ ЗА СИМБОЛИТЕ ЗА АЛАТОТ
4 Пред употреба прочитајте го прирачникот за
употреба
5 Двојна изолација (не е потребна заземна жица)
6 Носете заштитни очила и заштита за ушите
7 Обрнете внимание на ризикот од повреда што
може да го предизвика отфрлениот остаток од
косењето (присутните лица да стојат на безбедно
растојание од местото на работа)
8 Секогаш исклучете ја машината и исклучете го
приклучокот од штекерот ако кабелот за напојување
со ел. енергија или продолжниот кабел се
пресечени, оштетени или заплеткани (не допирајте
го кабелот пред да го исклучите приклучокот)
9 Не фрлајте го алатот заедно со другиот отпад од
домаќинството
УПОТРЕБА
• Упатство за составување 2
- редоследот на броеви што се појавуваат на
сликата соодветствува со редоследот на чекорите
што треба да ги следите за да ја составите
косилката
! цврсто затегнете ги сите шрафови
- прицврстете ги завртките A така што рачката B се
движи слободно
• Водилка за кабелот 0
- закачете ја куката на продолжниот кабел над
водилката C како што е прикажано
- повлечете цврсто за да го обезбедите
продолжниот кабел
• Прилагодлива рачка за наведување !
Рачката B може да се прилагоди во следниве три
позиции
- 'D' (позиција за работа) -> за косење на
прилагодлива работна висина
- 'P' (позиција за паркирање) -> при празнење на
кутијата за трева или при правење паузи од
работењето
- 'S' (позиција за складирање) -> при складирање
на алтот
• Прилагодување на висината за косење (25-40-55 мм)
@
! исклучете го приклучокот од штекер и
проверете дали сечивото веќе не ротира
- поставете ја рачката B 3 во позиција за
складирање 'S'
- свртете ја косилката
- поставете двата предната тркала како и двата
задната тркала на саканата позиција за висина на
косење (25, 40 или 55 мм)
- по прилагодување на висината на сечење,
секогаш проверувајте дали кутијата за трева E 3
е и понатаму безбедно прицврстена
• Безбедносен прекинувач за вклучување/
исклучување #
Спречува машината да се вклучи случајно
- вклучете ја машината прво со притискање на
безбедносниот прекинувач F и потоа повлечете го
прекинувачот за активирање G
- исклучете ја машината со пуштање на
прекинувачот за активирање G
! по исклучување на машината, сечивото
продолжува да ротира уште неколку секунди
• Упатство за работа
- држете ја косилката со двете раце
- поставете ја косилката на работ на тревникот и
косете нанапред
- свртете се на крајот на секој потег, делумно
преклопувајќи го претходното косење
82